Контакт

Спорт

Изнер за „правилото Изнер“ на Вимблдон

Американецот Џон Изнер ја поздравил одлуката на организаторите на гренд-слемот во Вимблдон, од наредната сезона, да воведат тај-брејк во петтиот сет.
Организаторот на вакво нешто се реши за да ги избегне маратонските мечеви, како што беше оној помеѓу И…

Објавено пред

Американецот Џон Изнер ја поздравил одлуката на организаторите на гренд слемот во Вимблдон од наредната сезона да воведат тај-брејк во петтиот сет.

dobivaj vesti na viber

Организаторот на вакво нешто се реши за да ги избегне маратонските мечеви, како што беше оној помеѓу Изнер и Никола Мау, чии петти сет заврши 70:68. Разликата помеѓу Вимблдон и другите турнири ќе биде што на овој гренд слем тај-брејкот ќе се игра доколку резултатот во петтиот сет биде 12:12.

„Сметам дека тај-брејк на 12:12 е добар избор. Ќе бидат задоволни и луѓето што сакаат да гледаат тај-брејк и оние што сакаат победникот да биде решен на разлика. Тоа е против традицијата, но има и многу што мислат дека ова е добро. Кога ќе се случи еден таков меч, треба да кажат дека сега се применува ‘правилото на Изнер’. Сепак, сметам дека тоа нема да се случи, но мислам дека поради мене го донесоа правилото“, рекол Американецот, кој е актер на двата најдолги меча во историјата на Вимблдон.

Изнер во 2010 година против Мау играше тенис 11 часа и пет минути, а оваа година во полуфиналето против Кевин Андерсон на теренот мина шест часа и 36 минути. Андерсон петтиот сет го доби со 26:24.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

На тренерот на Будуќност му се заканиле со киднапирање на ќерката: Ќе ја фрлиме во река

Објавено пред

Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.

dobivaj vesti na viber

Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентото што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…

Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.

Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, но без сомнение Брновиќ и целото семејство се во во страв.

Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот, наречена „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.

Прикажи повеќе...

Спорт

Куртоа се враќа, но нема да брани во Лигата на шампионите

Објавено пред

Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

dobivaj vesti na viber

Реал игра против Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за „кралскиот клуб“ оваа сезона.

Анчелоти изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите.

Андриј Лунин е првиот избор на тренрот во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра полуфиналниот реванш против Баерн.

Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го користи Куртоа кој штотуку се врати по тешката повреда.

На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, Анчелоти одговори: „Не знам“.

Прикажи повеќе...

Спорт

УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024

Објавено пред

Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.

Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.

Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.

Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.

Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија30 минути

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион3 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија6 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија7 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија9 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија10 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија12 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет13 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа13 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет13 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија1 ден

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија1 ден

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 ден

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...