Македонија
(Видео) Нови униформи за припадниците на ЕСЗ
Денескa, во касарната „Илинден“, припадниците на Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување посебни и специјални задачи. Набавени се 200 комплет униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплет униформи за специјална полиција за рурална средина во склоп на активности за овозможување соодветни услови за работа на припадниците на МВР, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својата изјава за време на настанот.
Министерот Спасовски потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.

Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски.

Спасовски на крајот од својата изјава исто така потенцира дека Министерството ќе продложи со истото темпо и во наредниот период и дека ќе продолжат да се реновираат полициските станици, да се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, и тоа, како што посочи тој, сè со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што носи подобри резултати во работењето, односно поголема сигурност за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

