Македонија
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантското семејство
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евро-атлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот.
Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија иднината на својата земја ја гледаат во евро-атлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и Европската Унија.
Димитров и заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во парламентот со цел успешна имплементација на договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во алијансата како нејзина 30-та земја членка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.