Македонија
Џафери-Бабиш: Силна поддршка од Чешка за евро-атлантските интеграции на Македонија
Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со Андреј Бабиш, премиер на Чешката Република.
Премиерот Бабиш истакна дека билатералните односи меѓу Чешката Реублика и Република Македонија се одлични, без отворени прашања, и дека се одвиваат во интензивна комуникација. Чешката Република и понатаму ќе им дава силна поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија бидејќи државите од Западен Балкан се многу важни за Европа и претставуваат нејзин природен дел. Во однос на миграциските движења, Бабиш посочи дека Македонија беше држава што прва се соочи со напливот на мигранти од Сирија и која успешно се справи со менаџирањето на овој предизвик.
Џафери го запозна Бабиш со актуелната состојба во Македонија, особено за процесот на пристапување кон измена на Уставот на РМ, како и преземените чекори кон унапредување на соработката со соседите, особено потпишувањето на договорите со Република Бугарија и со Република Грција.
„Отворањето на процесите за интеграција на РМ во ЕУ и НАТО резултира со почнување на скринингот на ЕУ минатиот месец и почетокот на пристапните разговори со НАТО минатата седмица. Сите државни иснтитуции во РМ посветено работат на финализирање на овие стратешки цели за државата, кои истовремено имаат силна поддршка од огромен процент на населението во РМ“, изјави Џафери.
Во однос на мигрантската криза, Џафери упати искрена благодарност за логистичката поддршка на чешките полицајци на македонско-грчката граница, како и за помошта на Чешката Република, која заедно со Унгарија, Полска и со Словачка како држави членки на ЕУ и на вишеградската група ѝ дадоа максимална помош на Република Македонија во справувањето со мигрантскиот бран.
Премиерот Бабиш се заложи за посилна економска соработка меѓу двете земји, поголеми чешки инвестиции во РМ, како и подинамична работа на Мешовитата комисија за економска соработка при Стопанската комора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

