Македонија
СДСМ: Се потврди изолацијата во која се наоѓа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски секојдневно го потврдува она што на граѓаните одамна им беше јасно: дека тој не е ништо повеќе од антимакедонски и антизападен пион во рацете на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски, соопшти СДСМ.
„Мицкоски, Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во изолација, која се потврдува на дело. На синоќешниот настан организиран од антизападниот Мицкоски не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор. Високи претставници од демократскиот свет што доаѓаат во посета на земјава го заобиколуваат Мицкоски.
Антимакедонскиот носител на криминалот и режимот, Груевски, заедно со својот антизападен пион Мицкоски, е поразен од граѓаните, поразен од мнозинството пратеници во Собранието, од сопствената партија.
Македонија ги порази погубните политики на Микцоски и Груевски и се обедини за стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО.
Македонија и нејзините граѓани тргнааа кон иднина и интеграција во ЕУ и НАТО, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски останува заглавено во изолација“, се наведува во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

