Спорт
Директрот потврди: Лопетеги ќе остане тренер на Реал
Реал Мадрид, синоќа со многу труд успеа да победи против Викторија Плзен (2:1), во Лигата на шампионите. Овој триумф ќе донесе барем малку мир во соблекувалната на „кралскиот клуб“, пред големото дерби со Барселона.
Бензема и Марсело ги постигнаа голов…
Реал Мадрид синоќа со многу труд успеа да победи против Викторија Плзењ (2:1) во Лигата на шампионите. Овој триумф ќе донесе барем малку мир во соблекувалната на „кралскиот клуб“ пред големото дерби со Барселона.
Бензема и Марсело ги постигнаа головите против чешкиот првак во натпревар во кој Реал повторно не блескаше и во кој на противниците им дозволи да создадат неколку гол шанси.
По мечот, директорот на клубот, Емилио Бутрагење, одговарајќи на новинарско прашање, рекол дека тренерот Лопетеги и понатаму ќе си ја врши својата функција.
„Лопетеги ќе го предводи Реал и во ел класико. Во вакви ситуации важно е да останете мирни и да верувате во играчите. Неделниот натпревар е голема мотивација за нас“, рекол Бутрагењо и дополнил: „Сè е нормално. Ова е фудбал, ги слушаме озборувањата. Имаме голема самодоверба, на „Камп ноу“ ќе одиграме добар натпревар“, рекол директорот на Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.