Македонија
Заев-Церар: Поддршка од словенечката влада за обединувачките политики и евро-атлантските интеграции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претпладнево се сретна со Миро Церар, заменик-претседател на Владата на Република Словенија и министер за надворешни работи.
Словенечкиот заменик-претседател, Церар, му честита на премиерот Заев за мудрите и храбри обединувачки политики. Исто така, ја поздрави одлуката на парламентот во петокот во насока на реализација на договорот од Преспа како исчекор во евро-атлантските интеграции на Македонија. Тој најави продолжување на поддршката од Словенија за развојот на Македонија и членството на нашата земја во НАТО и во ЕУ.
Премиерот Заев им посака успех на новата словенечка Влада, на новиот премиер и на министрите и им се заблагодари за големата пријателска поддршка што ја добива нашата земја од Република Словенија.
„Испишуваме позитивна историја во односите со соседите. Отвораме пат за евро-атлантските интеграции. Сето тоа го правиме низ инклузивен процес во институциите и во државата. Мотивацијата е голема. Ќе почнеме со работа на нацрт-амандманите за измени на Уставот во согласност со договорот од Преспа неделава, заедно со опозицијата. Очекувам дека мнозинството ќе се зголемува и дека за реформскиот процес и за важните прашања за државата и за граѓаните ќе има широка политичка поддршка“, рече премиерот Заев.
На средбата заеднички е констатирано дека економските односи меѓу двете држави се во развој, дека е зголемен бројот на странски инвестиции и е изразено очекување за нивно унапредување и зголемување по заокружувањето на политичките процеси на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Посочено е како значајно динамичното продолжување на реформските процеси во Македонија важни за европските интеграции, но и за квалитетот на живеење на граѓаните.
Се разговара и за актуелни политички прашања во регионот и изразена е заедничка оценка дека напредокот на Македонија кон НАТО и ЕУ, преку политичкото обединување и добрососедските односи, е силен поттик за евро-атлантски напредок на целиот Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.