Економија
Царовска: Примарната цел на Инспекторатoт е да контролира дали се применуваат мерките за безбедност на вработените
Здрава и безбедна работна средина води до поефикасни и попродуктивни работници. Затоа, еден од основните предуслови за успешна работа е чувањето и унапредувањето на здравјето на работниците, на што ние целосно сме посветени како Влада, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која со претседателот на УО на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, денсека присуствуваше на презентацијата на добрите пракси за безбедност при работа во „ЕВН електрани“ – Скопје.
Ова е една од неколкуте компании кои се добитнички на Националната награда за добра пракса во делот на БЗР во 2017 година, а настанот го организира Здружението на инженерите за заштита „Тутела“.
„Освен подобрување на законската регулатива, работиме на зајакнување на Државниот инспекторат за труд со стручен кадар. Примарната цел на овој Инспекторат не е да ги казнува работодавците, туку да контролира дали ги применуваат стандардите и мерките за безбедност на вработените на работните места. Тоа ќе го постигнеме со постојано зголемување на бројот на инспекциски надзори, кои, според планот во 2019 година, треба да изнесуваат 18.390, што е драстично зголемување во однос на претходниот период“, истакна министерката Царовска.
За споредба во 2017 година Државниот инспекторат за труд изврши 7.406 редовни инспекциски надзори и 3.552 вонредни инспекциски надзори, а заклучно со август годинава Инспекторатот има направено 8.227 надзори.
За да може да се постигне добра пракса за безбедност и здравје при работа, Македонија разви стратегија за безбедност и здравје при работа до 2020 година и акциски план, во кој се предвидени голем број активности насочени кон системот на управување со БЗР, во кој се вклучени и сите засегнати страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

