Свет
Во тек е евакуација на просториите на Си-ен-ен и на „Тајм Ворнер“ во Њујорк
Откако денес беа пресретнати сомнителни пакети со експлозивни направи испратени до Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми објавија дека во се тек евакуации на седиштата на Си-ен-ен и „Тајм Ворнер“ во Њујорк.
Репортер на Си-ен-ен на Твитер напишал дека просториите на таа медиумска куќа се евакуираат, објави „Ројтерс“.
Британската агенција повикувајќи се на Си-ен-ен, информира дека евакуација е во тек и во седиштето на „Тајм Ворнер“, кој го чинат два мултифункционални облакодера, наводно поради сомнителна направа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати
Американските специјални обвинители денеска побараа од судот да отфрли две кривични постапки против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп – за обид за промена на неговиот пораз на изборите во 2020 година и за задржување доверливи документи, се вели во судската пријава.
Во предлогот од шест страници за отфрлање на случајот за мешање во изборите во 2020 година, обвинителите рекоа дека додека Трамп сè уште не е претседател, канцеларијата на генералниот совет на одделот, која обезбедува внатрешен правен совет, им кажала да го откажат случајот пред неговата инаугурацијата во јануари.
„Одамна беше ставот на Министерството за правда дека Уставот на САД забранува поднесување федерално обвинение и последователно кривично гонење на актуелниот претседател“, напиша главната заменичка на Смит, Моли Гастон.
Свет
Масакр во Турција: Убил седум лица, меѓу кои и сопственото дете
Турција ја потресе страшен семеен масакр во кој загинаа осум лица. Бахтијар Аладај уби седум лица, меѓу кои сопругата, детето, мајката, таткото, свекрвата и ја повреди сестра си, пред да се самоубие.
Телата на неговата сопруга, дете и свекрва, кои беа пријавени како исчезнати, се пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе. Наводно, Аладај претходно имал конфликти со сопругата поради љубомора и вежбал пукање со воздушен пиштол во својот фризерски салон во Авџилар, пренесува „Хуријет“.
Се започна во неделата, околу 16 часот и 30 минути, во квартот Јелалија на улица Чајир 1. Според информациите, 33-годишниот Бахтијар Аладај дошол во станот на неговото семејство, кој се наоѓа на приземјето на зграда на четири ката. По расправија со семејството, тој ги застрелал татко му Мухамед Аладај (65), мајката Нејмија Аладај (55) и сестрата Букет Аладај (30).
На лице место лекарски екипи ја констатирале смртта на Мухамед Аладај, додека Букет и Нејмија со повреди се пренесени во болница. И покрај напорите на лекарите, мајката на Нејми им подлегнала на повредите.
Околу 17:00 часот Аладај со автомобил се упатил до фризерскиот салон на улицата Чемил Мерич во Авџилар. Тој пукал во вработените, убивајќи го 30-годишниот Мехмед Салих Озсокук, додека неговата сопруга С.А и шурата Гохан Сојлу (34) се тешко ранети. Потоа Аладај со автомобил побегнал во Есенјурт.
Во 17:30 часот Аладај пристигнал на улицата 853 во Есенјурт, каде што го застрелал својот братучед Шадан Сердар Буке (33). Буке бил пренесен во болница, каде што починал. После тоа Аладај влегол во својот автомобил и се самоубил пукајќи си во главата.
По масакрот истанбулската полиција ја извести јавноста дека Бахтијар Аладај бил пронајден мртов во автомобил, каде што бил пронајден и пиштол. Наведено е и дека Аладај имал бројни криминални досиеја за употреба на наркотици.
Според медиумите, последни биле пронајдени телата на детето, сопругата и свекрвата. Тројцата се исчезнати, а полицијата дури подоцна ги откри телата на сопругата на Бахтијар Севим Аладај, десетгодишниот син Арсал Аладај и свекрвата Туркана Сојла во областа Тепекент покрај езерото Бујукчекмеџе.
Свет
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.