Свет
Бомба пронајдена пред куќата на Бил Клинтон
Федералната полиција и тајната служба испитуваат сомнителен пакет што се наоѓа во близина на куќата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, лоцирана во предградие на Њујорк.
Според „Ен-би-си њуз“, пронајдениот пакет содржи бомба слична на онаа пронајдена во поштенско сандаче во близина на домот на милијардерот Џорџ Сорос.
Неименуван американски официјален претставник изјави дека инспекторите веруваат оти уредот има врска со направата пронајдена во понеделникот во домот на споменатиот милијардер.
Сличен уред своевремено бил испратен и во канцеларијата на поранешниот претседател Барак Обама, пренесе РТ.
Извор на „Њујорк тајмс“ изјавил дека во пакетот навистина била пронајдена експлозивна направа, но за тоа немало официјална потврда веднаш.
Се тврди дека човекот кој ја проверувал целата пошта за оваа двојка, пронашол бомба во еден од пакетите. Напаравата била откриена рано изутрина во близина на домот на познатата двојка.
Полицијата соопшти дека им помага на инспекторите од ФБИ, тајната служба и властите на округот Вестчестер во истрагата за сомнителен пакет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
САД: Додик е безбедносна закана
Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.
Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.
„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.
Свет
(Видео) Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.
#BREAKING 🚨‼️🇸🇰 Video of the assassin of Robert Fico Slovakia Premier. The reason for the assassination is that Fico is allegedly liquidating the media. Incredible statement from the suspect. #Slovakia #Fico pic.twitter.com/lRA4EFPOwG
— The Macro Story (@themacrostory) May 15, 2024
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.