Контакт

Вести

Темната страна на новогодишната ноќ

Објавено пред

Додека светот радосно ја дочекуваше новата 2015 година во надеж дека ќе биде подобра од претходна, во новогодишната ноќ се умираше во стампедо, од студ и тероризам, од неодговорно прославување и од смртни казни, а напаѓани беа и цркви и џамии.

dobivaj vesti na viber

Првите минути од 2015 година во кинеската метропола Шангај ќе бидат паметени по трагедијата во којашто загинаа најмалку 36 лица, повеќето млади жени, а најмалку 47 се повредени во стампедото предизвикано од трката по „новогодишни пари“ слични на банкноти од 100 американски долари.

И во продолжение на утрото и првиот ден од новата година агенциите пренесуваа информации за трагедии. Во босанскиот град Зеница, каде температурите се симнаа до минус 18 Целзиусови степени се смрзнал 42-годишен бездомник, кој е пронајден мртов на централниот градски плоштад, а истата несреќна судбина ја доживеаја и двајца мажи во југозападна Бугарија.

На другиот крај од светот, на Филипини во многубројните несреќи кои се случија во текот на новогодишната ноќ смртно настрада 11-годишно девојченце а 170 лица се повредени. Девојчето им подлегнало на повредите откако било погодено од заталкан куршум. Филипинците традиционално ја прославуваат Новата година со огномет, петарди, но и со пукање од огнено оружје, а меѓу повредените има и повеќе деца. Во јужниот дел од земјата, жртви имаше и во бомбашки напад кој однесе два живота, а 36 луѓе се ранети. Засега никој не ја презема одговорноста за овој терористички напад.

Данската полиција објави дека енормното употребување на пиротехнички средства однело три живота. Трите жртви се убиени во два одвоени инцидента предизвикани со нестручно изведуван огномет во северниот дел од земјата. Уште други две лица се повредени во тие несреќи, соопшти полицијата која истражува дали инцидентите имаат некоја меѓусебна поврзаност, а двете се случиле во областа Мариагер Фјорд.

Десетгодишно момченце се здобил со тешки повреди на окото и може да го загуби видот откако настрадало во експлозија на петарда додека се враќал со родителите од дочекот на Новата година во областа на Неапол. Овој град е традиционално област со најмногу повредени во текот на новогодишната прослава, но за среќа годинава нема смртни случаи. Но во цела Италија вкупно 251 лице се здобило со повреди, од кои најмалку десетина се тешки.

Најмалку седум лица се рането во пукање на новогодишна забава во приватна куќа во која имало 50 лица, во близина на градот Калгари во јужната провинција Алберта во Канада. Две лица се наоѓаат во критична состојба. Повеќе лица кои се осомничени за нападот побегнале пред доаѓањето на полицијата, соопшти локалната полиција на Twitter. Непознати се мотивите за нападот, а во полиција се задржани 15 очевидци кои даваат искази.

Во Нигерија црквите беа цели на напади на исламистите. Во напад на бомбаш самоубиец на мотоцикл, кому претходно не му било дозволено да влезе во црквата, во четвртокот навечер по локално време, кој се разнел пред евангелистичката црква во Гомба, главниот град на истоимената покраина во североисточниот дел од земјата и притоа се ранети повеќе лица. Гомба беше релативно поштедена од терористичките напади на исламистичките бунтовници чии напади се главно концетрирани врз соседните сојузни држави Јоба, Борнбо и Адамава во кои припадниците на сектата Боко Харама освоија дваесетина села. Од почетокот на своите активности на оваа радикална исламистичка група во 2009 година и во одговорот на безбедните сили на Нигерија, убиени се досега над 13 илјади луѓе.

Во новогодишната ноќ во Шведска, пак, со запаллива бомба беше нападната џамија во градот Успала, што е третиот ваков напад во последните осум дена во оваа досега мирна скандинавска земја. Молотовиот коктел, сепак, не ја запалил џамијата, а според портпаролот на локалната полиција, напаѓачите на џамијата испишале вулгарни расистички пораки. Три дена претходно пожар, кој можеби е подметнат, изби во џамијата во градот Еслев во јужна Шведска. На католички Божик настрада и џамијата во југоисточниот шведски град Есклустун, при што беа повредени пет лица. Шведскиот премиер Стефен Лофвен го осуди „одвратното насилство“ и вети дека повеќе тоа нема да биде толерирано, а антирасистичкото списание Expo истакна дека во текот на 2014 година имало десетина напади врз џамии во Шведска.

Саудиец осуден за трговија со дрога стана првиот осуденик над кого е извршена смртна казна во 2015 година, во Саудиска Арабија во којашто на сила се строгите шеријатски прописи. На Малек Бен Саид ал-Сајари отсечена му е главата со сабја, традиционална егзекуција, во местото ал-Иша, откако е осуден за поседување „големо количество хашиш“. Во изминатата 2014 година смртната казна е извршена врз 87 лица во Саудиска Арабија, што е пораст во однос на претходната 2013 година кога беа егзекутирани 78 луѓе. Во оваа ултраконзервативна монархија, една од водечките земји по производство на нафта, со смртна казан се казнуваат силувањата, убиствата, вооружените грабежи и тргувањето со дроги./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет40 минути

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...

Свет45 минути

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет1 час

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија14 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија15 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија16 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија17 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија19 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија19 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија20 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија21 час

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет21 час

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија22 часа

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија23 часа

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија23 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет24 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет1 ден

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет1 ден

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет2 дена

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...