Свет
Си-ен-ен објави како изгледа писмото бомба испратено до нивната редакција
Во САД владее еден вид вонредна состојба. По сомнителните пратки адресирани до Хилари Клинтон и Барак Обама, една таква вчера пристигна и на адресата на седиштето на Си-ен-ен во Њујорк.
Редакцијата на медиумската куќа била итно евакуирана, а по неколку часа, полицијата ја отстранила пратката во која имало експлозивна направа изработена во домашни услови. Американските служби потврдија дека за слични експлозивни направи станува збор и во случаите со Клинтон и Обама.
Си-ен-ен објави фотографија од пакетот што го примиле, во кој бил сместен и експлозивниот уред.
„Немојте да мислите дека само поради тоа што станува збор за рудиментирана направа таа не е опасна… Овој вид експлозивни уреди, доколу експлодираат, може да направат хаос“, предупреди пензионираниот ФБИ-агент, Џим Максвел, за Си-ен-ен.
“Don’t be lulled into thinking that just because this is a rudimentary device that this is not dangerous … these types of devices, if they go off, can wreak a lot of havoc.” – Jim Maxwell, retired FBI Special Agent Bomb Tech https://t.co/ta8jx5wML9 pic.twitter.com/eLXy8abgzF
— CNN Newsroom (@CNNnewsroom) October 24, 2018
Освен на адресите на Обама, Клинтон и Си-ен-ен, сомнителни пакети исто така биле испратени и на други адреси, главно поврзани со демократите. Еден официјален претставник за Си-ен-ен изјавил дека анализата на сите пронајдени уреди покажала дека се изработени на сличен начин, рудиментирано, но функционално, со помош на кабли и цевки. Барем една направа содржела стаклени парчиња и други смртоносни фрагменти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден
Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни.
Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.
Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.
На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.
Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.
Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив.
Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години.
Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.
Свет
АстраЗенека ги повлекува вакцините против Ковид
АстраЗенека започна со повлекување на вакцината за Ковид-19 ширум светот поради „вишокот на достапни ажурирани вакцини“ кои таргетираат нови варијанти на вирусот, пишува британскиот Гардијан. Соопштението дојде откако фармацевтската компанија доброволно го повлече одобрението за ставање во промет на лекот во Европската унија во март.
Вчера Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба. Во соопштението за печатот, АстраЗенека рече дека одлуката е донесена бидејќи сега има голем број нови вакцини достапни кои се прилагодени на новите варијанти на коронавирусот. Ова доведе до пад на побарувачката за вакцината AstraZeneca, која повеќе не се произведува или снабдува.
„Според независни проценки, повеќе од 6,5 милиони животи беа спасени само во првата година од употребата, а над 3 милијарди дози беа испорачани ширум светот“, се вели во соопштението на АстраЗенека .
„Нашите напори беа препознаени од владите ширум светот и нашироко се гледаат како клучна компонента за ставање крај на пандемијата. Сега ќе работиме со регулаторите и нашите партнери за да се усогласиме на јасен пат напред и да го затвориме ова поглавје и да дадеме значаен придонес во борбата против пандемијата Ковид-19“, соопшти фармацевтската компанија.
Другите земји веќе престанаа да ја снабдуваат вакцината. Не е достапна за употреба во Австралија од март 2023 година, иако нејзината употреба веќе беше повлечена од јуни 2021 година поради широката достапност на понови вакцини.
Свет
Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун
Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години.
Тој почина поради старост и оштетување на органите за кои се лекуваше од 2022 година, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-би-си.
Ким Ки-нам беше водечки пропагандист во Северна Кореја со децении, долго време служеше на владејачкото семејство каде што придонесе за градење на култот на личноста на севернокорејските диктатори.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, соопшти КЦНА.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.
Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде на чело на одделот.
Ким Ки-нам наводно бил близок со Ким Џонг-ил, а во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.