Свет
Либерија ја укинува универзитетската партиципација

Претседателот на Либерија, Џорџ Веа, изјави дека ја укинува студентската партиципација за додипломските студии на државните универзитети и колеџи.
Меѓутоа, тие и понатаму ќе треба да ги плаќаат другите трошоци поврзани со нивните студии.
Зборувајќи на кампусот на Универзитетот на Либерија, тој изјави дека најмалку што може да направи како претседател е да им овозможи на студентите образование.
Студентите од Универзитетот на Либерија неодамна беа активни во протестите каде бараа одговорност од владата за исчезнувањето на новопечатени парични банкноти наменети за централната банка во вредност од 100 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јорданскиот крал: Срамна верзија на човештвото се одвива пред нашите очи

„Светот е во морален пад, како што најјасно се гледа во бруталната војна во Појасот Газа“, изјави денес јорданскиот крал Абдула Втори пред Европскиот парламент.
„Правилата се напуштаат, вистините се менуваат секој час, омразата и поделбите се шират, а умереноста и универзалните вредности се губат поради идеолошките крајности“, изјави пред Европскиот парламент во Стразбур, кралот на земјата сместена меѓу завојуваните страни, која се смета за една од најдоверливите арапски сојузници на Западот, на Блискиот Исток.
Јордан е исто така важен партнер за ЕУ на глобално, регионално и билатерално ниво, особено поради својата улога во одржувањето на стабилноста во регионот и застапувањето на меѓуверскиот дијалог на Блискиот Исток.
„Светот денес е во морален пад. Срамна верзија на човештвото се одвива пред нас во реално време“, изјави Абдула Втори пред пленарната седница на ЕП.
„Никаде ова не е појасно отколку во Газа“, продолжи јорданскиот крал. Тој потсети дека во 2023 година, првите израелски напади врз болниците во палестинската енклава беа дочекани со меѓународна осуда и дека Светската здравствена организација оттогаш регистрирала уште 700 вакви напади.
„Како е можно она што се сметаше за злосторство пред само 20 месеци сега да е толку вообичаено што едвај се евидентира?“, праша кралот на земја која самата водеше вооружен конфликт против Палестинската ослободителна организација во минатиот век.
„Која верзија на нашата човечност дозволува незамисливото да стане рутина? Дозволува употреба на глад против децата како оружје? Ги нормализира нападите врз здравствените работници, новинарите и цивилите кои бараат засолниште во бегалските кампови?“
Јорданскиот крал предупреди дека токму во хаотичните моменти во историјата треба да се потсетиме на универзалните вредности на човештвото. „Бидејќи кога светот го губи својот морален компас, ние го губиме и нашето заедничко чувство за правилно и погрешно, што е праведно и што е сурово. И кога тоа ќе се случи, конфликтот никогаш не е далеку.“
Абдула Втори нагласи дека ова не е само прашање на Газа, туку и борба за тоа „кои сме ние како глобална заедница и што ќе станеме“. „А сега, со проширувањето на офанзивата на Израел во Иран, не може да се каже каде ќе запрат границите на тоа бојно поле. Тоа, пријатели мои, е закана за луѓето насекаде“, заклучи тој.
Свет
Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу блиску до изградба на нуклеарно оружје и покрај спротивните процени од американските разузнавачки агенции.
Според „Скај њуз“, ова е во спротивност со изјавата на Тулси Габард, која Трамп ја назначи за свој врвен советник за разузнавање за својот втор мандат. Габард му рече на Конгресот во март дека американските агенции веруваат оти Иран не гради нуклеарно оружје и дека врховниот лидер на земјата не ја одобрил нуклеарната програма што ја суспендирал во 2003 година.
Кога новинарите денес го прашаа за оваа контрадикција, Трамп ги отфрли изјавите на Габард: „Не ме интересира што рекла таа (Тулси Габард)“, рече Трамп. „Мислам дека беа многу блиску до тоа да го добијат“.
„Ројтерс“ објави дека американските претставници изразиле загриженост за активностите на Иран за нуклеарните постројки, иако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашла докази за обновена воена нуклеарна програма.
„Си-би-ес њуз“ истакнува дека европските лидери на самитот на Г7 повикаа на дипломатија и континуирано следење на нуклеарната програма на Иран, а Трамп остана цврст. Во извештајот се наведува и дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, повторно ја отфрлил можноста за изградба на нуклеарно оружје,тврдејќи дека тоа е спротивно на иранските религиозни принципи.
Со оглед на растечките тензии, американската администрација ги интензивира консултациите со европските партнери, а „Ројтерс“ објави дека се очекува нова рунда разговори со цел да се спречат понатамошна ескалација и можен воен конфликт.
Свет
Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој најави операција што ќе го направи нападот со пејџер врз членовите на Хезболах во септември да изгледа едноставен.
„Сè уште имаме многу што можеме да направиме“, изјави Лајтер за „Мерит ТВ“.
Тој рече дека целосниот обем на првичниот израелски напад врз Иран кон крајот на минатата недела сè уште не е познат: „Извршивме серија изненадувања – кога ќе се смири прашината – ќе видите некои изненадувања в четврток навечер и в петок, што ќе ја направи операцијата на пејџерот речиси едноставна“.
Во септември Израел детонира илјадници бипер-уреди и рачни радиостаници на Хезболах ранувајќи илјадници борци во сложена разузнавачка операција, која се подготвуваше со години.
BREAKING 🚨🚨🚨
Suddenly, Hezbollah operatives across the country collapsed as their communication devices were hacked and detonated. pic.twitter.com/UIOH3xpPg5
— Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024
Израел откри дел од операциите на Мосад извршени првата ноќ од нападот врз Иран вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала што ја изгради на иранска територија.
Лајтер ги обвини европските лидери дека ги повторуваат грешките што светот ги направи со одбивањето да се соочи со Адолф Хитлер во 30-тите.
„Ова е војна за ставање крај на војните“, рече Лајтер за бомбардирањето на Иран од страна на Израел. „Ова е војна за донесување мир на Блискиот Исток“.
Американскиот претседател Доналд Трамп не врши притисок врз Израел да ги запре борбите, додаде Лајтер.
Израел е отворен за завршување на конфликтот со Иран преку договор, но тоа мора да вклучува целосно демонтирање на иранските нуклеарни и балистички ракетни програми, заклучи тој.