Македонија
Захарова: Русија не се меша во одлуките на Македонија

Без оглед на обвинувањата од американски функционери на сметка на Русија, Москва не се меша во внатрешните прашања на Македонија, туку тоа го прави Вашингтон, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Повторно слушаме обвиненија на сметка на Москва за вмешаност во внатрешните процеси на Македонија. Тоа што го рече Метју Палмер во Скопје е смешно“, вели Захарова.
Таа додаде дека САД на 19 октомври користејќи нечесни методи, закани, уцени и подмитување на пратениците ја издејствувале одлуката на македонското Собрание за пристапување кон измена на Уставот.
„Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси“, истакна таа.
Захарова додаде дека Русија не е против договорот од Преспа, туку против се македонските гласачи кои го изнеле својот став на референдумот на 30 септември.
Американскиот заменик на помошник-државен секретар за европски прашања, Метју Палмер, кој во понеделникот беше во посета на Македонија, ја критикуваше Русија за наводно мешање во внатрешните работи на Македонија и го повика мнозинството во македонското Собрание да ги усвои уставните измени, нарекувајќи ја таа можност неповторлива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.