Европа
Во една од најелитните специјални единици во светот ќе може да се приклучат и жени
Првпат жените ќе може да аплицираат за членство во кој било род на британската војска, соопшти британскиот секретар за одбрана, а пренесе Би-би-си. Гавин Вилијамсон објави дека сите борбени улоги сега се отворени и за жените вклучувајќи ја и службата во елитните специјалните сили, како што е САС.
Тој рече дека првпат вооружените сили ќе бидат обликувани исклучиво по способноста на членовите, а не врз основа на нивниот пол.
Во 2016 година беше укината забраната за служба на жени во британските борбени единици за блиска борба.
Кралскиот вооружен корпус, кој оперира со тенкови, беше првата гранка од единиците за блиска борба која ги отвори вратите за жените во ноември 2016 година. Оттогаш, околу 35 жени служеле или биле обучувани за да се приклучат кон Кралскиот вооружен корпус.
Отворањето позиции за жените во единиците за блиска борба се одвива постепено.
Отсега, жените што веќе служат во британската армија може да аплицираат за позиција во кралските маринци и пешадијата. Тоа ќе им ја отвори вратата за да се приклучат во специјалните единици, како што е САС, по минувањето на потребната обука.
Вилијамсон за „Би-би-си њуз“ изјави: „Имаме големи очекувања дека жени ќе пристапат кон САС и Специјалната морнаричка служба. Вредноста што тие ќе ја донесат, влијанието што ќе го направат во единиците, ќе биде феноменално и сите служби се надеваат дека ќе имаат можност да им посакаат добредојде“.
САС е скратеница за Специјалните воздухопловни сили на Велика Британија. Единицата била основана во 1941 година како полк, а подоцна реконституирана како корпус во 1950 година. Оваа специјална единица, која се смета за една од најелитните во светот, презема голем број активности, како тајни извидувања, антитерористички операции, блиски вооружени акции и спасување заложници. Повеќето од информациите и активностите во врска со САС се строго доверливи и не се коментираат од страна на британската влада или Министерството за одбрана поради чувствителноста на нивните операции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

