Македонија
ГДУ: Вицепремиерот Хазби Лика не оди на работа

Граѓанско-демократската унија (ГДУ) обвини дека вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, не оди на работа. Според партијата, партиска книшка, а не стручност и образование, е критериумот за вработување и напредување во администрацијата.
„И додека администрацијата си се полни со партиски послушници, а директор се станува според партиски заслуги, рамковните административци си останаа недопирливи печалбари во странство. Па и вицепремиерот Хазби Лика пред неколку месеци разбравме дека не одел на работа и од кога се појавија овие информации, го нема и да се појави во јавноста, да каже што правиме со овој проблем што се провлекува низ годините“, велат од ГДУ.
Од таму го прашуваат Лика врз основа на што рамковните административци добиваат плата?
„Што се случи со операцијата за активирање на овие луѓе? Или ги активирате само за избори? Крајно време е да ѝ одговорите на јавноста. Министерот Манчевски, пак, им дава рок уште, ако не нашле во одреден временски рок соодветен ангажман, а не кажува колкав е тој рок, дури тогаш ќе се презело нешто. Од кога го слушаме ова и пак ништо, плата од македонскиот буџет секој месец си легнува на нивна сметка“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС да не се бламираат, туку да се информираат за истрагата за случајот Кочани“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС очигледно сонуваат навечер и кога ќе станат од досада решаваат да напишат соопштение, односно во истото да го раскажат сонот. Тоа е потврда и денеска, или пишуваат за случајот Кочани како немало истрага, како се било фарса“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштениетo на СДСМ.
„Нема да им ги раскажуваме деталите, бидејќи надлежните институции на дневна основа информираат, секако за она што не може да влијае на истрагата.
СДС сега можат само да седат слушаат, поточно да се информираат за истрагата, прво за тоа што го пропуштиле па потоа за тоа што тековно ќе се случува.
Јасно им е на сите во каква состојба е СДС, ама барем нека не се бламираат дополнително, туку нека се информираат и нека почнат за добро на државата барем за оние малкумина верни што им останаа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Претседателката и премиерот единствени кои не реагираа на злосторничкиот напад во Суми“, реагира ДУИ

„Во текот на изминатиот ден, САД, ЕУ и целиот демократски свет, јавно и јасно го осудија ужасниот руски ракетен напад врз Суми и изразија сочувство за десетиците цивилни жртви. Во исто време, од Северна Македонија – молк. Нема реакција од Претседателот, нема став од Премиерот, нема ниту било каква реакција со јасен израз на несогласување со ова злосторство“, велат од ДУИ.
„Ова не е пропуст, туку ова е свесна стратегија за приближување на земјава кон алтернативните центри на геополитичко влијание. Ова е манифестација на цената што државата ја плаќа под тежината на индиректните кинески заеми и засиленото руско влијание на клучните позиции во Власта.
Владата не пропушти да го осуди военото злосторство, туку ја избира тишината за јавно да ја демонстрира лојалноста кон новите партнери. Молкот на институциите во вакви моменти е пред сѐ срам за земјава.
Тоа воедно е и прекршување на нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија; тоа преставува издвојување од заедничките позиции на НАТО алијансата; и на крајот, тоа е спротивно и на Стратешкото партнерство со САД.
Дозволете во оваа прилика, во името на граѓаните на Република Северна Македонија, да изразиме целосна осуда за вчерашниот ужасен напад од страна на Руската Федерација врза градот Суми, при што десетици невини цивили ги загубија своите животи, што претставува акт на терор и воено злосторство.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, но и потсетник до Украинскиот народ дека и понатаму ја имаат поддршката од граѓаните на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
„Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46% до 60% со цел модерно и квалитетно образование“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем. Образованието е еден од клучните столбови на државата и има клучна улога во обликувањето на поединецот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ креира национална образовна стратегија креирана со општ консензус.
Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се грижи за сите вработени во образованието и ги покачи платите за 12 проценти.
Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.
Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати во еден мандат.
Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46% до 60 проценти поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование.
Октомвриската плата исплатена минатата година беше повисока за пет проценти, потоа со мартовската плата 2025-та, која беше исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, а од март 2026-та ќе има дополнително покачување меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повторно помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатно подобрување на образовната структура. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со активни политики работи на задржување на младите и реализирање на нивниот потенцијал во Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.