Македонија
МИОА: Во скратена постапка се донесени 17 закони, за разлика од 214 кои претходната Влада ги донесе во 2016

Статистиката на Собранието на Република Македонија покажува дека од вкупниот број на закони донесени од Собранието, кои биле предлог на Владата на Република Македонија, без законите донесени по предлог на пратениците, процентот на закони донесени во скратена постапка од 67,9% во 2016 година се намалува на 19,1% во 2018 година, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.
Односно, велат од таму, во 2016 година вкупно 214 закони биле донесени по скратена постапка, за разлика од само 17 закони донесени од почетокот на работата на актуелната влада.
„Уште поилустративни се статистиките од претходните години. Во 2014 година од 186 закони, 135 биле донесени во скратена постапка, во 2015 година од 33 закони, дури 29 биле донесени во скратена постапка додека во 2016 година од 315 закони, во скратена постапка биле донесени закони. Индикативно е дека во овие години, како и во 2916 година повеќе од 2/3 од законите се донеле во скратена постапка“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Засилени контроли на пловните објекти во Охридското Езеро, откриени 22 прекршоци

Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, соопшти Министерството за транспорт.
Од таму додаваат дека се контролирани 13 пловни објекти и 13 физички лица и се констатирани 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.
Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица било утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта.
За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал.
Министерството информира дека Капетанија на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција и во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли и затоа апелира навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба.
Македонија
Филков: Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните

По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, изјави министерот за правда, Игор Филков.
Додаде дека изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Станува збор за закони што го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.
Според Филков, клучен меѓу овие е новиот предлог Закон за Судскиот совет, кој претставува коренита промена во начинот на кој се избираат и разрешуваат судиите, како и во одговорноста на самите членови на Советот.
„Од осумте закони во Реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура : Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Закон за платите на членовите на Судски совет, Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Закон за Судскиот совет, Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба. Во однос на 8-от закон од реформската агенда, Изборниот законик , текстот е подготвен од страна на стручните служби во Министерството за правда, во согласност со препораките на ОДИХР. Предлогот е испратeн на мислење до ОДИХР. Воспоставена беше комуникација и беше одржан состанок со претставниците на ОДИХР, за обезбедување на експертска помош за целосно усогласување на одредбите со препораките на ОДИХР”, изјави Филков.
Покрај реформските закони, додаде тој, Министерството за правда подготви и два важни закони кои не беа дел од Агендата, но произлегуваат од обврските кон ЕУ и препораките на ГРЕКО – Законот за заштита на укажувачи и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
„Затекнавме министерство без стратегија, без систем и без волја. Денес, правдата зборува гласно, со системски алатки, закони и професионални тела. Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилегираните. И ова е само почеток“, порача Филков.
Министерството за правда најавува продолжување на реформската агенда со еднакво темпо, политичка волја и стручна посветеност.
Македонија
Kaндидатот за градоначалник на Цирих потекнува од Куманово

Прпарим Авдили, чијашто фамилија потекнува од Кумановско, е номиниран за кандидат за градоначалник на Цирих од страна на Либералната партија (ФДП). Веста ја објави самиот преку Фејсбук, каде што спомена дека е дете на имигранти кои се доселиле во Цирих.
„Пораснав во Цирих, дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал со моите пријатели во соседството. Го сакам тоа што го правам и го сакам овој град. И имам длабоки корени тука,“ напиша Авдили.
Тој изрази благодарност до одборот на ФДП за довербата и истакна дека сака да го види Цирих како вистинска европска метропола.
„Сакам Цирих понатаму да се развива. Цирих да напредува. Цирих конечно да се перципира како метропола“, наведе Авдили.
Авдили е финансиски директор на непрофитната организација libs во Северен Цирих, каде што раководи со обука на 1.500 практиканти во техничките индустрии.