Вести
Лавров: Турција и IS водат тајни преговори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4179452.jpg)
Турција и екстремната сунитска организација Исламската држава (IS) водат тајни преговори за нови начини на шверц на нафтата, тврди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за весникот Московски комсомолец.
„Многу сме загрижени од информациите кои постојано доаѓаат јавно или преку затворени канали, дека Турците конкретно планираат, или можеби веќе започнале да воспоставуваат пунктови на територијата на Сирија, под изговор за шаторски кампови во кои би се собирале сириските бегалци, на кои не им се дозволува да ја минат сириската граница, каде што според нив камповите се веќе пренатрупани“, вели шефот на руската дипломатија.
Од турска страна продолжува заговарањето за создавање тампон зона на сириска територија, наводно ослободена од Исламската држава, продолжува Лавров. „Всушност станува збор за граница меѓу две курдски енклави, чиешто обединување Турција го смета апсолутно неприфатливо за неа, бидејќи тоа би ѝ ја прекинало на Турција можноста да ги опремува бунтовниците во Сирија и да врши шверц со нив“, додава Лавров.
„Постојат извештаи дека челниците на Исламската држава ги продолжуваат тајните контакти со турските. Тие ги разгледуваат опциите за дејствување во сегашните околности, кога поради ударите на нашата авијација сериозно е ограничен транспортот по досега вообичаените маршрути“, тврди првиот руски дипломат.
Според информациите со кои поседува Москва, „Турците во НАТО веќе разговараат за нивната замисла за создавање на територијата на Сирија, зона исчистена од Исламската држава“. „Ова, се разбира, би претставувало нарушување на сите начела на меѓународното право, а тоа и значително ќе придонесе за ескалацијата“, истакнува Лавров.
Лавров, сепак, смета дека меѓународната коалиција предвидена од САД нема да ѝ дозволи на Турција да ги оствари плановите за целосна инвазија во Сирија,
„Мислам дека тоа нема да се случи, тоа се мали провокации, како што веќе реков за изградбата на камповите, односно некои инженерски подготовки за објекти на растојание од 100 до 200 метри во длабочина на сириската територија и неколку километри по линијата на фронтот, што не е сепак комплетна инвазија“, одговори Лавров.
„Мислам дека, сепак, коалицијата предводена од Американците, а во која е вклучена и Турција, ќе дозволи да се реализираат ваквите или слични неразборити планови“, заклучува Лавров./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.