Македонија
МНР го одржа третиот состанок на заедничкиот управен комитет за рамката за развојна соработка со ОН
Во Министерството за надворешни работи се одржа третиот состанок на заедничкиот управен комитет за партнерство за одржлив развој „Стратегија на ОН за 2016 – 2020“. Овој документ, како што соопштија од МНР, го опфаќа колективниот придонес на системот на ОН за реализирање на националните развојни приоритети.
„На состанокот на комитетот, со кој копретседаваа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и резидентниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, се дискутираа реализираните активности во 2017 и 2018 година и плановите за 2019 и 2020 година во петте приоритетни области на дејствување, а тоа се вработување, добро владеење, социјална инклузија, одржлива животна средина и родова еднаквост“, посочуваат од МНР во своето соопштение.
Од Министерството додаваат дека во дискусијата околу тоа како најсоодветно да се искористи и насочи поддршката што земјава ја добива од системот на ОН и од тимот на ОН во земјата во реализирање на нашите развојни приоритети, активно учествуваа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Членовите на Комитетот се осврнаа и на поврзаноста на овие активности со евроинтегративниот процес и со Целите за одржлив развој, додаваат од Министерството за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност
Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тендециозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.
„МЖСПП ја информира јавноста, а особено спомената советничка која не е доволно информирана, дека набавката на овие автобуси е само една активност од акциската ЕУ програма за еколошки стандарди и чист воздух и е дел од целосната Програма за животна средина и климатска акација во рамки на ИПА 3 помошта од ЕУ.
Активностите од оваа Програма се испрограмирани на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со сите вклучени страни, меѓу кои е и Градот Скопје, одобрени од Владата РСМ и прифатени од страна на ЕУ Комисијата за финасирање“, велат од Министерството
„Програмата за чист воздух содржи повеќе компоненти за кои повеќе пати сме информирале, се спроведува под директно управување од страна на Делегацијата на Европската Унија. Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за следење на имплементацијата на Програмата и е корисник на истата, а конретно на оваа активност Градот Скопје е краен корисник.
Нагласуваме дека МЖСПП ги програмира сите активности што се финансираат ЕУ инструментот ИПА, ја следи имплеменатцијата и известува кон ЕУ Комисијата за постигнатите цели од реализација на ИПА проектите.
Добро би било советничката на Град Скопје Ирена Витина подобро да се информира пред да излезе во јавност со вакви невистини. Дополнително за нејзино информирање, покрај грант средставата од ЕУ, Владата на Република Северна Македонија обезбедува и национална контрибуција за целата Програма“, соопшти Министерството.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.