Македонија
(Видео) Барањата на осумтемина пратеници прифатливи за Заев, за имплементација ќе се разговара со грчката влада
Четирите барања на осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои ќе функционираат како посебна пратеничка група, се прифатливи за премиерот Зоран Заев. Но, дали тие ќе може да се имплементираат во нацрт-амандманите, во наредниот период ќе одлучуваат и разгледуваат правни тимови на Министерството за правда и Владата.
Премиерот Зоран Заев по средбата со осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои гласаа за почнување на процесот за уставните промени, рече дека се разговарало за нивните барања.
„Темата на денешната консултативна средба беше постапката за подготвување на нацрт амандманите да разговараме за првите три точки од вкупно четири што беа испорачани до мене како претседател на Владата и до Владата на РМ, како правно-формални изготвувачи на нацрт амандманите, за да бидат вградени токму оние елементи што се важни за нив. Можам да констатирам дека во тој дел изнајдовме конкретни насоки за нас како изготвувачи на амандманите во делот на зајакнување на македонскиот идентитет, и во делот на гаранцијата дека процесот до крај ќе биде спроведен и нема да биде блокиран од Грција, односно, гаранција дека уставните амандмани ќе влезат во сила по ратификацијата на договорот во грчкиот парламент. Исто така се согласивме и за насоките во делот на употребата на новото име за внатрешна употреба“, рече Заев.
Било договорено заменик на телото за национално помирување да биде пратеник од новата пратеничка група. Заев, по средбата, повтори дека барањето за амнестија не е прифатливо и дека националното помирување се прави во Собранието, кое е составено од пратениците.
„Втората точка на оваа наша денешна средба за консултации беше четвртата точка од барањето, односно создавањето на Координативно тело во Собранието на РМ во кое што треба да се зборува за помирувањето, кое што треба да се случи во Република Македонија. Знаете дека јас тоа и јавно го прифатив вечерта кога се гласаше во парламентот. Денеска на средбата ги разработивме деталите. Остануваат следните чекори за формирање на тоа координативно тело кое треба да биде предводено од претседателот на Собранието, секако доколку тој прифати, да има тројца од членови од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери од Коалицијата за подобра Македонија, како и координаторите на сите пратенички групи во Собранието на РМ. Со формирањето и конституирањето на тоа тело ќе биде разработена целата методологија, аспектите, модалитетите за работа на телото за национално помирување, за кое што постои заеднички интерес да го спроведеме“, рече премиерот.
Тој најави дека пред да бидат пратени амандманите на Уставот во Собранието, ќе има нова средба со пратениците од новата пратеничка група.
Заев рече дека за барањата ќе се консултираат и со грчката влада.
„Не мораме, но ќе се консултираме со грчката влада. Драго ми е што, покрај парламентарното мнозинство, и овој дел од опозицијата ќе биде свесен за тоа дека не е загрозен македонскиот идентитет“, рече Заев додавајќи дека останува на тоа да се зголеми бројката на пратеници што ќе гласаат за уставните измени.
Во пратеничката осумка се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова, и Емилија Александрова.
Тие бараат:
1. Прифаќање амандмани на Уставот со кои ќе се гарантира македонскиот идентитет;
2. Прифаќање одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани што произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа;
3. Постепена промена на името за внатрешна употреба следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ;
4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, искажана на 61. седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

