Македонија
Хуманитарен настан -,,Охрид трчат за Сара”
В четврток со почеток од 16 часот ќе се одржи хуманитарен спортско-социјален настан под име ,,Охрид трчат за Сара”.
„Охрид трчат за Сара“ е симболична трка без натпреварувачки карактер со цел сите заедно сплотено да истрчаме во насока на подоброто утре за нашата Сара Настеска.Учеството е минимум 100 денари и сите средства ќе бидат донирани на фамилијата Настески. Стартот на хуманитарната трка е во 16 часот пред „Куба либре” а целта е пред Дом на култура ,,Григор Прличев”. Уплатата на котизацијата/донацијата ќе ја спроведат волонтерите на Црвен крст Охрид и таа ќе се реализира на стартот на самата трка.
,,Подоброто утре за Сара можеме и мораме да го постигнеме со дополнително собирање финансиски средства, но и можеме и мораме да го постигнеме и преку моќното градење на еден тим од илјадници охриѓани кои во еден момент и на едно место ќе пратат силна порака до неа и нејзината фамилија дека не се сами и дека сите ние сме Сара и фамилија Настески. Изминатите денови на многу хуманитарни настани и на разни начини сигурно сте донирале средства и на таков начин сeкој од вас бил дел од поддршка за Сара. Она што сакаме да го направиме преку овој настан е дополнително да ве мотивираме да донирате минимум 100 денари и на таков начин да бидеме уште поблиску до крајната цел.
Почитувани, ве повикуваме сите, сопственици, директори, раководители,вработени, сите заедно на едно место, на една трка, да ја направиме најголемата ТИМ БИЛДИНГ ЕКИПА во светот наречена САРА НАСТЕСКА ! Излезете од работа, од дома, од кафулињата, од обложувалниците, од продавниците и придружите ни се во оваа заедничка наша мисија”, порачуваат организаторите.
Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчат“, Сојузот за училиштен спорт, основните и средни училишта од општина Охрид, Црвен крст Охрид и Општина Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија: посебен акцент во разговорот ставен на европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре престојува во работна посета на Вилнус, Литванија. Во рамки на првиот ден од посетата, тој оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Кештутис Будрис.
Двајцата министри изразија задоволство што посетата се реализира во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Притоа, тие ја нагласија подготвеноста за унапредување на партнерството и соработката во повеќе области од заемен интерес.

Разговорите опфатија низа теми, меѓу кои билатералната соработка, координацијата во рамките на мултилатералните организации и партнерството во НАТО. Посебен акцент беше ставен на европските интеграции, при што беше нагласена потребата од заеднички и засилен ангажман за забрзување на процесот, особено во светло на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ.

Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од Литванија, како и за солидарноста и помошта што државата ја доби по пожарот во Кочани.

Министрите разговараа и за актуелните безбедносни прашања, вклучително состојбата во Украина и предизвиците поврзани со европската безбедност и стабилност во регионот.
Македонија
Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница
Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање.
Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата учествуваа со прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината.
„Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби,“ истакна градоначалникот Герасимовски.
Во рамките на посетата беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации, со која учениците преку цртеж и игра учеа за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот развој.
„Општина Центар продолжува да инвестира во младите преку едукативни програми, проекти и активности што ја поттикнуваат нивната вклученост во заедницата и градењето на подобра иднина“.
Македонија
Во Кучевишка Бара се гради нов спортско-рекреативен центар на 2000 метри квадратни
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара.
Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини.
Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот дух се негува, со цел да се создадат можности за редовно практикување спорт и рекреација за сите граѓани.

