Спорт
„Цената направи илузија дека Бејл е голема ѕвезда“
Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валадано, упатил остри критики кон Герет Бејл, играч за кого „кралскиот клуб“ во 2013 година му плати на Тотенхем 90 милиони фунти.
„Ние константно го мериме учинокот на Бејл со оглед на то…


Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валадано, упатил остри критики кон Герет Бејл, играч за кого „кралскиот клуб“ во 2013 година му плати на Тотенхем 90 милиони фунти.
„Ние константно го мериме ефектот на Бејл со оглед на тоа колку клубот плати за него. Токму цената ја направи илузијата дека тој е светска ѕвезда. Во последните пет години тој не ги оправда парите што Реал ги вложи во него“, изјавил за Радио Марка, Валдано и продолжил со критиките.
„По само седум минути игра Бејл го остави сам Џорди Алба. Основно правило е дека секој играч мора да ја почитува тактиката, на тој начин го покажува својот карактер. Играчите мислат дека можат да прават што сакаат, иако е тоа против интересот на колективот“.
Аргентинецот истакнал дека актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез, би бил добра опција за тренерската функција во Реал.
Реал Мадрид синоќа му врачи отказ на тренерот Хулен Лопетеги и на неговото место како привремено решение го назначи тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Аптекарите“ го завршија трансферот на Кванса

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.
Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.
Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.
Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.
Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.
Кванса (22) моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.
Спорт
Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал.
Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки.
Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд Трафорд“ на краток рок токму поради несогласување со тренерот Рубен Аморим.
На прашањето дали би сакал да игра со Јамал, Рашфорд рече дека е задоволство да игра со најимпресивните фудбалери.
„Да, секако. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… ќе видиме.“
Јамал, имаше огромно влијание во освојувањето на двојната круна од страна на Барселона во Шпанија и пласманот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој исто така се истакна во дресот на Шпанија на Европското првенство во 2024 година, каде што „црвената фурија“ ја освои титулата.
Во април се појави информација дека Рашфорд верува дека нема да игра за Манчестер јунајтед додека Рубен Аморим е тренер на тимот. Португалецот го отстрани од тимот уште во декември, по што Рашфорд го помина остатокот од сезоната на позајмица во Астон Вила.
Спорт
Антони одбил трансфер во Комо

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, ја одбил можноста да се пресели во Комо.
Антони, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Бетис. Успеа да се врати во форма по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, му помогна на Бетис да дојде до шестото место во Примера и да игра финале во Конференциската лига.
Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Антони сака да се врати во Бетис. И шпанскиот клуб има желба да го ангажира Антони, но нема пари да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед.
Планот на Бетис е да издејствува уште една позајмица, а договорот да го откупи по завршувањето на сезоната 2025/206.