Свет
Во Турција неутрализирани 1 451 ПКК-терорист за една година
Безбедносните сили на Турција „неутрализираа“ 1 451 ПКК-терорист за една година, соопшти турското МВР.
Терминот „неутрализирани“ во своите изјави го користат за да појаснат дека терористите се предале, биле заробени или убиени.
„Во последната година, вкупно 1 451 член на ПКК, 40 члена на левичарската терористичка организација беа неутрализирани, додека 336 члена на Даеш се во притвор“, соопшти министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Сојлу додаде дека за истиот период 91 297 операции биле извршени против ПКК, 38 725 против терористичката организација на Фетула Гулен (ФЕТО), 2 483 против Даеш и 655 против левичарските терористички групи.
Групата ПКК, која е прогласена за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД, веќе 30 години води терористичка кампања против Турција и е одговорна за смртта на повеќе од 40 000 лица, вклучувајќи жени и деца.
ФЕТО на чело со својот лидер Фетулах Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а најмалку 2 200 беа повредени.
Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања што се инфилтрира во турските институции, особено во војската, полицијата и судот, со цел да го урниса државниот врв.
Сојлу исто така говореше и за борбата на Турција против шверцот на наркотици и зависноста од дрога. Министерот додаде дека бројот на зависници кои починале од дрога како директна последица се искачила на 941 во 2017 година во споредба со 2013 година кога бројот на смртни случаи изнесувал 232.
Во првите осум месеци во 2018 година бројот на смртни случаи предизвикани од наркотици изнесува 149.
Сојлу посочи дека во периодот од една година, Турција запленила 18,7 тони хероин, 88,2 тони марихуана, а уапсила 21 947 лица осомничени за шверц и трговија со наркотични супстанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

