Вести
Жртви во напад на Францускиот културен центар во Кабул -ВИДЕО

Неколку луѓе ги загубиле животите, а нивниот број во моментов се уточнува, додека најмалку 15 се ранети, објави во четвртокот попладнето министерството за надворешни работи на Франција, пренесува AFP при што се наведува дека и се наведува дека меѓу загинатите нема француски државјани, а истовремено германската телевизија N24 повикувајќи се на претставници на авганистанските безбедносни сили објави дека загинал еден германски државјанин во нападот што го извело малолетно момче за време на театарска претстава во училиштето при Францускиот културен центар во авганистанската престолнина Кабул.
„Најостро го осудувам овој терористички акт кој доведе до гинење и ранувања на многу луѓе“, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.
Истакнал дека амбасадата на Франција во Авганистан и авганистанските власти се мобилизирани во укажувањето помош на настраданите и бараат „расветлување на тој варварски чин и изведување пред лицето на правдата на одговорните“.
Од своја страна, заменикот министер за внатрешни работи на Авганистан Ајуб Саланги за Reuters изјави дека се претпоставува оти напаѓачот е момче меѓу 15 и 17-годишна возраст.
Според авганистанската агенција Pajhwok, пак, која се повикува на началникот кабулската полиција Абдул Рахман Рахими, најверојатно жртвата е француски државјанин, а бројот на ранетите се движи меѓу 15 и 20 кои се згрижени во неколку болници во Кабул. Според него, најверојатно бројот на загинатите ќе расте.
Рахими истакнал дека бомбашот самоубиец експлозивната направа ја сокрил во својата долна облека, и така успеал да ги избегне строгите безбедносни мерки и да влезе на територијата на средното училиште Истикал.
На овој напад кој се случи во четвртокот навечер по локално време му претходеше бомбашки напад на талибаните врз воен автобус, исто така во четвртокот, во кој загинаа шест војници.
Во кусата порака до медиумите, талибаните ја преземаа одговорноста за нападот врз војниците, кој доаѓа околу две седмици пред завршувањето на борбената мисија на НАТО и два дена по објавувањето на извештајот на американскиот Сенат за мачењата коишто агентите на Централната разузнавачка агенција (CIA) ги применувале по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година. Тие беа и главниот повод за интервенцијата на меѓународната коалиција предводена од НАТО и САД во Авганистан со која беше соборен талибанскиот режим како сојузник на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Главнината на НАТО силите, коишто во еден момент во 2010 година во Авганистан имаа 130 илјади војници, треба да ја напуштат земјата до 31-ви декември, и мисијата да се сведе на неколку илјади кои ќе даваат логистика и обука на авганистанските безбедносни сили кои ќе ја преземат целата одговорноста за безбедноста на земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.