Црна хроника
Ексдиректорот и раководителката на финансискиот сектор во ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка заработија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т. од Крива Паланка, поранешен директор на Јавното претпријатие „Комуналец“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. од Крива Паланка, вработена како раководител на финансискиот сектор во Јавното претпријатие „Комуналец“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информираат од полицијата.
Во октомври 2017 година, како што посочуваат од полицијата, ексдиректорот не поставил одговорно лице на погон во село Конопница и не преземал активности за воведување на евиденција на влез и излез на материјалите и производите, со што овозможил лице од село Конопница од погонот со товарно возило да изнесе две палети со бекатонски плочи и жардиниери, како и една метална клупа.
Додека, второпријавената или тогашен раководител на финансискиот сектор на јавното претпријатие, иако била должна, не барала фактури и испратници за влез и излез на материјали и готови производи врз основа на кои требало да изготви финансиски пресметки, соопштуваат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.