Македонија
Охрид одби да даде пари за лекување на малата Сара, но изгласа обесштетување на рестораните погодени од невремето

Советот на Општина Охрид не изгласа на дневен ред да се стави точката за помош за лекување на Сара Настеска од Охрид, која боледува од малиген тумур.
Предлогот беше Општина Охрид да помогне со 1 милион денари за лекувањето, но со 17 гласа „воздржан“ предлогот не бил усвоен на дневен ред. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претходно имале консултации, вели градоначалникот Јован Стојаноски за „Макфакс“ и заеднички ја донеле одлуката.
„Тоа е едноставно поради законските ингеренции на Општината. Фоднот за здравство е институцијата што треба да помогне. Треба и ние да помогнеме, затоа сме организирале акции. Исто така, ако од буџетот еднаш се издвојат средства, ќе треба тоа да се прави за сите бидејќи има и други болни лица“, вели Стојаноски за „Макфакс“.
На седницата беше изгласано да се обесштетат рестораните чии платформи беа уништени од невремето на 17 март годинава. Според неофицијални информации, сумите за отштета на рестораните се движат приближно по 1 милион денари. Советот изласа елаборатите на рестораните што имаа штети да се ипратат во Владата за да се исплати паричен надомест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Во текот на Велигденските празници, утре и задутре, на зонските паркиралишта кои се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ нема да се врши наплата за паркирање. Исклучок од ова е зоната А0 на Водно, каде граѓаните ќе мора да платат за паркирање.
Од претпријатието информираат дека во наредните два дена наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември, додека пак редовна наплата ќе има во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на сите останати јавни паркиракишта – Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“.
Македонија
ДУИ за истрагата за пожарот во Кочани: Обвинителството се оддалечува од правдата и влегува во политичка игра

Од Демократската унија за интеграција остро реагираат на последната прес-конференција на главниот јавен обвинител, кој се повика на меѓународни примери како Романија, Бразил и САД, за да ја оправда одлуката за воведување долгорочна каузалност и отворање обвиненија против поранешни функционери.
„Ова не е право, ова е правна импровизација. Главниот обвинител не се води од закон, туку од желба за аплауз“, велат од ДУИ.
Од партијата потенцираат дека, за разлика од тврдењата на обвинителството, во ниту еден од наведените меѓународни случаи не се случило да се водат процеси против луѓе кои немале допирна точка со самата трагедија. Одговорност, според истражувањата, сноселе само директно инволвираните – најчесто три до пет лица – без историски ревизии или вештачки проширување на вината.
„Наместо да ја бара вистината низ призмата на правдата, обвинителството оди по патот на популизмот и спасување на Владата. Овој пристап не е само антипрофесионален – тој е антиуставен“, истакнуваат од ДУИ.
Според нив, ова е јасен показател за политички договор помеѓу извршната и судската власт, што ја нарушува независноста на правосудниот систем.
„Претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација. Последиците од ваквото дејствување можат да бидат несогледливи“, предупредуваат од партијата.
ДУИ упатува јасен апел:
„Обвинителството мора веднаш да го прекине трансакцискиот однос со Владата. Правото не се практикува по нарачка. Кариерите на политичарите и обвинителите не смеат да се градат врз туѓа трагедија“.
Од ДУИ јасно порачуваат: „Историјата, правото и јавноста ќе ги паметат тие имиња – не како херои на правдата, туку како пример за злоупотреба на правниот систем под политички и јавен притисок.“
Македонија
Полесно до потврдите за сопственост на моторни возила, воведена е нова електронска услуга

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).
Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.
– Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.