Македонија
(Видео) Касами до Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на барањата

Претседателот на едно од крилата на Беса, Биљал Касами, на прес-конференција јавно го праша премиерот Заев дали во иднина ќе треба повторно да се враќаат на отворање на Пандорината кутија, откако Заев изјави дека не е потребно дополнително ширење на Пандорината кутија како одговор на барањата на двете опозициски партии на Албанците, Беса и Алијанса на Албанците.
Касами рече оти тие нема да условуваат и посочи дека доколку Заев не ги прифати барањата на партијата, тогаш тие ќе продолжат понатаму со процесот за зачленување во ЕУ и НАТО.
„Граѓанската еднаквост е нешто за кое сите се залагаат. Ова се вредности за исполнување на заедничкиот сон за НАТО и ЕУ. Беса не влегуваше во овој прес со уценување. Ние и понатаму ќе ја дадеме раката за соработка. Во овој дел се надеваме дека ќе надвладеат документите. Се надеваме дека ако премиерот имаше време да разговара со луѓе кои се инкриминиарни во разни случаи, ќе има време да ги разгледа и нашите барања. Панот Б, доколу Заев не ги прифати барањата, е да продолжиме со процесот кон ЕУ и НАТО“, вели Касами.
Според него, доколку овие прашања не се решат сега, ќе бидат повторно ставени на маса на следните избори.
Тој посочи дека Заев не треба да блокира зошто под мотото „Едно опшстество за сите“ добил гласови од Албанците, па поради тоа, сега барањата кон него се големи.
Барањата на Беса се за вметнување амандмани во Уставот со цел унапредување на правата на Албанците во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.