Македонија
Судењето за смртта на Никола Саздовски почнува на 9 ноември
Првото рочиште за смртта на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски, ќе почне на 9 ноември, а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски, информираа денеска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, тој почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски бил претепан со боксови и клоци по главата и градите, а откако паднал на земја и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите. Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р.
Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски откако првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста.
Имено, наместо за кривично дело „насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

