Спорт
Вака се игра во обложувалница, со влог од 250 денари до добивка од 130.000 евра
Поранешниот олимпиец, нордиско скијање Дарко Дамјановски со уште тројца другари оствариле луда добивка во обложувалница, откако со уплата од 250 денари, освоиле речиси 130.000 евра.
Тикетот, го составил еден од другарите на Дамјановски, а тој го типува…


Поранешниот олимпиец, нордиско скијање Дарко Дамјановски со уште тројца другари оствариле луда добивка во обложувалница, откако со уплата од 250 денари, освоиле речиси 130.000 евра.
Тикетот, го составил еден од другарите на Дамјановски, а тој го типувал бројот на постигнати поени на 16 кошаркари во НБА лигата, односно типувал дека 12 ќе постигнат повеќе поени од маргината, а четворица дека ќе постигнат помалку поени од она што било понудено од обложувалницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Инзаги: Моравме тројца да ставиме на Јамал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал.
Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.
„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.
Реваншот е закажан за вторник во Милано.
Спорт
Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во нашата Барселона

Иван Ракитиќ (37) е играч на Хајдук, но со оглед на неговата феноменална кариера во Барселона и Севилја, тој е чест гостин на шпанските медиуми. Затоа даде интервју за Радио Марка.
„Ракитиќ ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година и е легенда на Севилја со брилијантна меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде што внимателно следи сè во Ла Лига, особено неговите два омилени клуба“, вака го напиша „Марка“ воведот за печатеното издание, каде што емитуваше и интервју со Ракитиќ.
Тој играше за Барселона од 2014 до 2020 година. Освои четири првенства и купови и една Лига на шампиони. Тој одигра 310 натпревари за Барселона, постигна 35 гола и асистираше за 42 гола.
Ламин Јамал е одличен иако има само 17 години. Пике изјави дека сепак не би бил стартер во вашата генерација?
„Се согласувам. Ламин е неверојатен, но нападот на нашата Барселона беше најсилниот во историјата: Меси, Нејмар и Суарез. Но, Ламин е одличен и може да игра секаде во нападот. Ми се допаѓа неговата самодоверба и што можете да видите дека ужива во играта“, рече меѓудругото Ракитиќ.
Спорт
Кунде ја повредил тетивата ќе го пропушти реваншот против Интер

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на тетивата на натпреварот со Интер (3:3).
Репрезентативецот на Франција на крајот од првото полувреме го напушти теренот, му отстапи место на Ерик Гарсија.
Кунде ќе изврши подетални тестови во текот на денот, но според првите информации, повредата е серизна и тој ќе го пропушти реваншот на „Џузепе Меаца“.
Ова значи дека тој ќе го пропушти и „Ел Класико“ во Ла Лига, кое е закажано за 11 мај.
Токму Кунде беше херојот на „блауграната“ минатиот викенд, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Кралскиот куп (3:2).
Кунде е најстандардниот играч на каталонскиот гигант, а оваа сезона одигра дури 52 натпревари.