Контакт

Книги

Веле Смилевски не сака да биде кандидат за „Книжевно жезло“ на ДПМ

Објавено пред

Поранешниот претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски, во писмо до актуелната претседателка на писателската асоцијација, Соња Стојменска-Елзесер, се откажал од трката за наградата „Книжевно жезло“ што традиционално ја доделува ДПМ.

dobivaj vesti na viber

„Замолувам моето име да биде изземено од списокот на кандидати за наградата ‘Книжевно жезло’. Имам целосно разбирање за легитимноста на предлагањето за ова високо признание на македонската писателска асоцијација. Ја користам можноста најтопло да се заблагодарам за предлогот. Замолувам моето име да биде изземено од списокот на кандидати за наградата ‘Книжевно жезло’“, пишува Смилевски во писмото до  Стојменска-Елзесер.

Тој образложува дека оваа одлука е од етички причини.

„Факт е дека до пред извесно време јас бев еден од претседателите на ДПМ, така што мојата сегашна кандидатура се коси со одредени мои длабоко лични етички принципи. Покрај тоа, како добитник на државната награда ’11 Октомври’ за животно дело, сметам дека треба да се остави простор книжевните награди да се доделуваат и на други автори чии дела го заслужуваат тоа. Во нашава литература има голем број такви автори. Во спротивно, се потхранува една дегутантна ситуација на во преносна смисла употребениот оригинален наслов на познатиот филм ‘Скупљачи перја’. Искрено, не би сакал да бидам во редот на таквите среќници. Одлуката за ова мое барање е конечна и неотповиклива и таа, како личен став, воопшто не навлегува во правото за определба и предлог и во легитимната работа на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија.Почитувани колешки и колеги, ви благодарам за разбирањето во врска со моево барање и ви посакувам натамошна успешна работа“, се вели во писмото на Смилевски.

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска

Објавено пред

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, ќе биде промовирана во среда, 10 април.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје, во 18.30 часот, а промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.

Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција.

Ана Кубин, авторка на рецензијата на книгата вели дека нашата филмска традиција има поопсежна историја и несомнено можеме да ја сместиме во неколку епохи, но новото наше филмско творештво, до денес, повеќе од сигурно испиша нова историја, изроди ново филмско стебло, направи нов уметнички исчекор.

– Ете за тие факти зборува книгата на Ана, не заборавајќи да ја спомене и генетиката на македонскиот филмски уметник, или ако сакате повеќе, генезата на македонскиот филмаџија. Таа умешно ги проткајува споредбите на мак филмот со светските филмски уметнички дела, цитирајќи едни од најголемите светски и македонски филмски умови, паралелно прикажувајќи ја средината, состојбата и општествените прилики во кои се создавала светската наспроти македонската филмска креатива. Книгата во која на стотина страни е отсликана македонската филмска продукција во последните триесеттина години е јасна и концизна приказна за почетоците на нашето самостојно филмување, но и стручен приказ на времето во кое живееме сега во филмска смисла на зборот, до каде сме и каде сме се упатиле, имаме ли перспектива и што е она што треба да смениме за да напредуваме, оти во уметничка смисла, иако вака и вакви мали, ние имаме што да му понудиме на филмскиот свет, но и рамноправно да му парираме на светскиот филмски џет сет – пишува Кубин.

Промоцијата ќе биде проследена со коктел и музички настан.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје. Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија9 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија11 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија12 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија12 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија13 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија13 часа

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ14 часа

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија16 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет16 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа16 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија17 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет17 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет18 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија1 ден

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија1 ден

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ1 ден

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија1 ден

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија1 ден

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...