Регион
Стипе Месиќ: Многумина политичари користат услуги на елитната проституција

Поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, во интервју за Дневник.хр вели дека не му е непознато дека некои политичари користат услуги на елитната проституција.
„Слушнав, не само кај нас, туку и во странство, дека се случуваат такви работи, дека се откриваат и се пенализираат“, рекол Месиќ.
Експретседателот на Хрватска се осврна и на моменталната ситуација, говорејќи за аферите СМС, Агрокор, како и за сегашната Влада, а за претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, рече дека ќе биде запаметена по прегратките и бакнежите со хрватските фудбалери.
На Владата ѝ даде оценка доволен два и додаде дека ниту претходната, ниту сегашната Влада не направиле ништо по прашањето за активирање на производството, туку дека се насочила на сосема погрешна ориентација на трговија и туризам.
Според Месиќ, луѓето сакаат естрада и дека претседателката тргнала токму по тој пат, но дека сепак тоа не би требало да биде нејзина работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.