Македонија
Ќе расте бројот на пратеници кои ќе го поддржат патот кон Брисел, ѝ рекол Ахмети на британската амбасадорка
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска одржа средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Како што информираат од ДУИ, на средбата Ахмети го истакнал позитивниот развој околу обезбедувањето на 80 гласови во Собранието за отворање на Уставот и ги подвлекол очекувањата дека во иднина таа бројка ќе се зголеми уште повеќе, со цел поддршка на патот кон Брисел.
Исто така, лидерот на ДУИ изразил разочарување во однос на позициите на раководството на опозицијата кон политичките случувања во поглед на евро-атланските процеси.
Тој ја истакнал прозападна улогата на 8-те пратеници на опозицијата како иницијатор и на реализацијата на ветувањето на премиерот Заев за помирување и помилување, но и како придонесувач во изготвувањето на уставните амандмани.
Во однос на уставните амандмани, Ахмети порачал дека текстот ќе се изготви консензуално и во духот на договорот од Преспа и дека поддршката за нив во Собранието ќе се зголеми и понатаму.
Во контекст на помирувањето тој истакнал дека треба да се изнајде разбирање помеѓу страните во духот на надминување на разликите и давање консензуална поддршка за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

