Црна хроника
Радовишанец пронајден мртов, претходниот ден ја нападнал поранешната девојка со секира
Четириесетгодишен маж во Радовиш бил пронајден мртов откако ден претходно ја нападнал поранешната девојка со секира, соопшти полицијата.
Телото на Х.Ш. било пронајдено вчера во селото Раклиш, Радовишко, на место викано Мршин Дол, во Мантово. По извршен преглед кај истиот била констатирана смрт.
МВР соопштува дека ден претходно 63-годишната И.Д., со која мажот порано живеел во вонбрачна заедница, завршила во болница со повреди, поради тоа што Х.Ш. дошол во нејзината куќа и ја нападнал со секира.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

