Македонија
Пристигна првиот лет од Атина во Скопје
Првиот директен лет од Атина пристигнa вечерва на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Денеска, од страна на Aegean Airlines и „ТАВ Македонија“ се отвори новата авионска линија Атина-Скопје-Атина и ова претставува прв лет по пауза од 10 години.
Директната линија ќе сообраќа во текот на целата година, два дена во неделата, односно секој вторник и четврток. Првиот лет денеска од Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина до Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета во 18.55 часот, а полета назад кон Атина во 19.25 часот. Летовите што ќе сообраќаат секој вторник ќе слетуваат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ од Атина во 9.15 часот, а ќе се враќаат назад за Атина во 9.45 часот.
Од „ТАВ Македонија“ потенцираат дека се среќни што ја додаваат Атина на долгата листа со градови што се поврзани со директни летови од Скопје.

„Среќни сме што го најавуваме повторното воведување на директната линија меѓу Атина и Скопје. Веруваме дека ова понатаму ќе придонесе за развивање и подобрување на економските односи меѓу двете земји. Директната авиолинија меѓу Скопје и Атина ќе биде кориснa не само за бизнис-патниците, туку и за туристите, како и за целокупната туристичка индустрија, бидејќи двете земји имаат многу да понудат во поглед на природни убавини, занимливи и атрактивни места што туристите треба да ги посетат, откријат и истражат“, изјави Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија“.
Официјалните лица од Aegean Airlines исто така го изразија нивното огромно задоволство за повторното воведување на оваа авиолинија.
„Оваа нова линија доаѓа со цел да ја задоволи побарувачката на пазарот и не само за да ја опслужи бизнис-заедницата, туку и за грчката заедница со седиште во Скопје. Се надевам дека оваа услуга ќе биде успешна и новите директни летови ќе ја постават сцената за нови можности за трговија, туризам и културна размена меѓу двете земји. Сигурен сум дека новите летови исто така ќе придонесат за проширување на соработката меѓу двете земји на начин од кој придобивки ќе имаат двете економии“, изјави Панос Николаидис, директор за земски операции во Aegean Airlines.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска престојуваше во работна посета на Атина, каде што оствари и средба со алтернативниот министер за надворешни и европски работи на Грција, Георг Катругалос, во Македонија се врати токму со привот лет од Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

