Спорт
УЕФА со местенка за ПСЖ и Манчестер сити за финансискиот фер-плеј
Популарниот веб-сајт „Фудбал ликс“, кој објавува „скриени“ документи во светот на фудбалот, тврди дека УЕФА помогнала Пари Сен-Жермен и Манчестер сити да прикријат големи прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП) со „наместени“ суми за спонзорските до…

Популарниата веб-страница „Фудбал ликс“, која објавува тајни документи во светот на фудбалот, тврди дека УЕФА помогнала Пари Сен-Жермен и Манчестер сити да прикријат големи прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП) со наместени суми за спонзорските договори.
Во документите од Европската истражувачка соработка (ЕИЦ) има шокантни обвинувања.

„УЕФА направи тајни договори со Манчестер сити и Пари Сен-Жермен дозволувајќи клубовите да мамат во ФФП-правилата со стотина милиони евра. Шефовите на УЕФА, вклучувајќи го и поранешниот генерален секретар, а сегашен претседател на ФИФА, Џани Инфантино, лично се заложиле за договор со клубовите, а УЕФА продолжува со агресивните истраги за клубовите од земји како Турција и Романија“, се вели во документот на „Фудбал ликс“.
Оваа сезона италијанскиот гигант Милан беше исклучен од европските натпреварувања (Лига Европа) поради прекршување на ФФП пред да ја добие жалбата пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но в година ги чека нови проверки.
Новите откритија на „Фудбал ликс“ се најголеми досега – во нив има 70 милиони документи (околу 3,4 терабајти фајлови). Во последните осум месеци 80-ина новинари работеа на откривањето на тајните договори во фудбалската индустрија.

„Манчестер сити и ПСЖ се посебни случаи. Манчестер сити од 2010 е во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед ал-Нахјан, братот на владетелот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал-Најхан. ПСЖ е во сопственост на ’Катар спортс инвестментс’, кој е поддржуван од емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани. Двата клуба трошат неверојатни суми. Катарската туристичка агенција го помогна ПСЖ со сума од 700 милиони до 1,125 милијарди во последните пет години“, се додава во документите.
Покрај ова, во написите што се објавија во германскиот „Дер Шпигел“ се тврди дека коалицијата на 11 најбогати фудбалски клубови планира да организира Супер лига вртејќи им грб на УЕФА и на националните федерации.
So here is the first of the new #FootballLeaks stories from @EICnetwork : a suggestion that 11 European clubs have been negotiating to form a Super League. 5 Premier League clubs included. pic.twitter.com/Hq5hQLT71s
— Dan Chapman (@DanFullContact) November 2, 2018
And the leaks don’t stop there. Der Spiegel is planning multiple videos and articles with 15 other news outlets. One story even has positive doping tests on a MULTIPLE champions league winner. This is about to be INSANE.https://t.co/ibI6dOnsqu
— EiF (@EiFSoccer) November 2, 2018
A coalition that includes FC Bayern Munich spent months working on plans to create a private league of elite teams behind the backs of associations and other teams. #footballleaks #dirtydeals https://t.co/cXf1wXgqMP
— SPIEGEL ONLINE English (@SPIEGEL_English) November 2, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

