Контакт

Црна хроника

Проширена истрагата за едно лице поради учество во ИСИС

Објавено пред

Во рамките на истражната постапка во врска со предметот во кој седум лица се осомничени дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за едно од лицата ја прошири истрагата.

dobivaj vesti na viber

„Надлежниот обвинител во изминатиот период ги сослуша осомничените и притоа оцени дека постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а, ст. 3 од Кривичниот законик, поради што ја прошири истрагата и донесе наредба за спроведување истражна постапка и за ова кривично дело. Со цел да стане учесник во паравоените формации на ИСИС, осомничениот, во точно неутврден период од 2014 до 2016 година, ја напуштил територијата на Република Македонија и заминал во Сирија. Таму осомничениот се обучувал и учествувал во паравоените формации на ИСИС, при што како борец бил заробен од страна на Сириските демократски сили и затворен во Дирек, воениот затвор во Ал-Маликијах во провинцијата Ал-Хасака во Сирија“, се наведува во соопштението на ОЈО.

За пет лица од седумтемина што во моментот се во притвор, а кои во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски дили во август оваа година беа приведени, се водат истражни постапки во рамките на претходните акции познати во јавноста како „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016). Четири лица од притворените се дел од истражната постапка во предметот „Ќелија 1“, а осомничениот, за кој се проширува истрагата, е од постапката во предметот „Ќелија 2“.

При спроведувањето на тогашните акции овие лица им беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници.
Кога во септември 2014 година беше донесен Законот за изменување на Кривичниот законик и беа создадени законски услови, предметот познат во јавноста како „Ќелија 1“ беше прв поведен случај во Република Македонија против лица што заминуваат во странски војски и се борат на воените жаришта на Блискиот Исток. Во овој предмет Обвинителството првпат гонеше 36 лица за сторено кривично дело учество во странска војска, паравоени или параполициски формации. Во спроведената акција, 11 лица беа притворени, а другите 25 беа недостапни за органите на прогонот.

Во текот на 2016 година беше поднесен обвинителен акт за 11 лица по што на јавната седница за оцена на обвинителниот акт, шестмина обвинети изразија подготвеност за признание на вина и побараа спогодба со Обвинителството. Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги прифати спогодбите со Обвинителството и шестемина осомничени ги прогласи за виновни изрекувајќи казни затвор определени во постигнатите спогодби во траење од 5 години до 5 години и 6 месеци.

Другите петмина, кои не признаа вина на главната расправа пред судот, истакнаа дека се чувствуваат виновни и ги признаа делата што им се ставаат на товар. На 18 мај 2016 година за обвинетите беа изречени казни затвор во траење од 2 години до 4 години и 6 месеци. Незадоволно од казните, Обвинителството до Апелациониот суд – Скопје вложи жалби, кои на 6 февруари 2017 година беа уважени и обвинетите се осудени на казни затвор во траење од 3 години до 6 години и 6 месеци. Во меѓувреме, врз основа на распишаните национални и меѓународни потерници, двајца осомичени беа екстрадирани од Косово, еден од Република Албанија и еден осомничен беше лишен од слобода во Република Македонија. Со овие лица Обвинителството склучи спогодби и лицата беа осудени на казни затвор од 1 до 3 години.

Седуммината опфатени во акцијата „Ќелија 2“, меѓу кои е и осомничениот за кој се проширува истрагата, се товарат за сторено кривично дело терористичка организација. Во акцијата спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, на 9 јули 2016 година, во раните утрински часови, беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше уапсено уште едно лице. За другите три лица се распишаа национални и меѓународни потерници.

Обвинетите во овој предмет се припадници на терористичка организација Исламска држава. Тројца од нив во повеќе наврати учествувале во терористичките напади во околината на Дамаск, како и на воената база во близина на Алепо, а другите биле дел од терористичките напади на градот Деризор, воената база Рака, официјалниот граничен премин помеѓу Сирија и Ирак, како и нападот на воздухопловната база во Ирак, а исто така објавувале и снимки од погубување речиси 50 затвореници. Во октомври 2016 година петтемина обвинети ја признаа вината што им се става на товар и склучија спогодби со Обвинителството, со кои се осудени на казна затвор од 2 години и 4 месеци до 2 години и 8 месеци.

Црна хроника

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.

Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.

Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува

Објавено пред

На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена

Објавено пред

На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ10 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија10 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија11 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија12 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија12 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион13 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија14 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија14 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа15 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет15 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...