Вести
Германија го ослободи новинарот на Al Jazeera, притворен по налог од Египет

Tелевизијата Al Jazeera соопшти во понеделникот дека германските власти го пуштиле на слобода еден од нејзините најпознати новинари Ахмед Мансур, а таа информација ја потврди и канцеларијата на државниот обвинител во Берлин.
Tелевизијата Al Jazeera соопшти во понеделникот дека германските власти го пуштиле на слобода еден од нејзините најпознати новинари Ахмед Мансур, а таа информација ја потврди и канцеларијата на државниот обвинител во Берлин.
Германските власти го уапсија новинарот на Al Jazeera на берлинскиот аеродром во саботата, при влегувањето во авионот за Доха врз основа на меѓународната потерница и налог за апсење издадени од властите на Египет. Приведувањето на новинарот Ахмед Мансур се случи набрзо по посетата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси на Берлин.
Од Al Jazeera соопштија дека германскиот обвинител одлучил да го ослободи Мансур без обвинение. „Тој е слободен“, потврдил за Reuters претставник на државниот обвинител во Берлин.
Египетскиот суд во 2014 година во отсуство во отсуство го осуди новинарот на Al Jazeera, Ахмед Мансур, кој има двојно египетско и британско државјанство, на 15 години затвор, поради мачење на адвокат на плоштадот Тахрир во 2011 година во текот на народниот бунт со кој беше соборен деценискиот автократски претседател Хосни Мубарак. Al Jazeera тогаш соопшти дека станува збор за целосно лажно обвинување со цел да се замолчи популарниот новинар на телевизијата, којашто Каиро ја обвинува дека ги поддржува исламистичките сили од забранетото движење Муслиманско братство, чиј бунт го задуши сегашниот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кога како фелдмаршал беше челник на влијателниот Совет на вооружените сили. Каиро ја обвинува катарската телевизија и дека купувала доверливи материјали за египетската безбедност од поранешниот исламистички претседател Мохамед Морси, кој меѓу другото и се суди за ова дело.
Претходно во понеделникот германската влада најави дека се мали шансите Мансур да му биде предаден на Египет, повикувајќи се на загриженоста за судските постапки во Египет, вклучително и групното изрекување на смртни казни и германско сомневање во исправноста на тие постапки процеси, „Сите тие точки дефинитивно ќе бидат разгледани во одлуката“, изјави претходно во понеделникот портпаролот на германското министерство за надворешни работи, Мартин Шефер, на прес-конференција. Министерството, исто така, соопшти дека нема да екстрадира никого кому му се заканува смртна казна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.