Топ
Петнаесетгодишник со мопед удрил во врсник, двајцата се повредени
Петнаесетгодишно момче со мопед удрило во врсник, при што двајцата се повредени и пренесени во болница. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 21.30 часот во село Бузалково, Велешко.
15-годишник од село Бузалково, управувајќи мопед „Кивеј“ со велешки регистарски ознаки, удрил во пешак – 15-годишник од истото село.
Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино
Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа.
Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј. (76) – двајцата од селото Марино.
Нивниот автомобил, излетал од патот кај местото викано „Ракле“ и паднал во Крива река.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале и возачот и сопатничката, велат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Македонија
Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај
Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 7 часот и 40 минути поради случена несреќа.
Македонија
Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.