Спорт
Карачиќ го раздвижи Вардар, Мешков Брест падна во Скопје
Ракомеатрите на Вардар, во шестото коло, ја забележаа петтата победа во А-групата, во Лигата на шампионите. Вечерва црвено-црните го победија шампионот на Белорусија Мешков Брест 30:23 (14:14).
Мешков Брест успеа да му пружи добар отпор на Вардар, но н…


Ракомеатрите на Вардар, во шестото коло, ја забележаа петтата победа во А-групата, во Лигата на шампионите. Вечерва црвено-црните го победија шампионот на Белорусија Мешков Брест 30:23 (14:14).
Мешков Брест успеа да му пружи добар отпор на Вардар, но не и да ја оспори победата на вардарци.
Се мачеа црвено-црните, особено во првото полувреме, кога најчесто предноста се менуваше на двете страни. Белорусите беа во игра по првиот дел бидејќи играчите на Вардар не играа добро во одбраната.
Во вториот дел Игор Карачиќ ја раздвижи екипата во нападот, а решавачки беше периодот од 40. до 45. минута кога со серија од четири гола Вардар се „одлепи“ на 25:20.
Карачиќ го одигра ако не најдобриот, тогаш еден од најдобрите свои натпревари во дресот на Вардар. Хрватскиот репрезентативец постигна 11 гола, за кои потроши само 14 топки. Карачиќ со оваа своја изведба ја истакна кандидатурата за најдобар играч во ова коло.
Ефикасни беа и крилните играчи Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, двајцата постигнаа по шест гола.
Голем придонес во победата даде и новиот голман Калифа Гебдан, кој забележа 10 интервенции.
Наредниот викенд Вардар ќе ја пречека екипата на Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џака се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра.
Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати.
Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона.
Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Исто така Леверкузен го напушти и тренерот Чаби Алонсо отиде во Реал Мадрид.
Спорт
Бублик го освои Хале, Акараз победи во Квинс

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс, а Александар Бублик во Хале. Алкараз во финалето го победи Киржи Лехечка, а Бублик славеше во дуелот со Данил Медведев.
Алкараз го победи Лихечка со 7:5, 6:7, 6:2, втор пат во кариерата го освои турнирот од серијата 500 во Квинс.
Алкараз ја освои 21. титула во кариерата, четврта на тревната подлога. На овој вид подлога Алкараз во кариерата има скор 29 победи и три порази.
Александар Бублик, втор пат во последните три сезони го освои турнирот во Хале. Казахстанецот славеше со 2:0 (6:3, 7:6).
Бублик со солзи го прослави освојувањето на петтиот трофеј во кариерата.
"I was close to calling it quits after Wimbledon"
This win means everything for Bublik 💛#TWO25 pic.twitter.com/9KXjawL8Xi
— Tennis TV (@TennisTV) June 22, 2025
Спорт
Кевин Дурент во Хјустон Рокетс

Американскиот кошаркар Кевин Дурант е разменет Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Ова го објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Дјурант, двократен МВП на финалето е разменет за Џејлен Грин, Дилон Брукс, десеттиот избор на овогодинешниот драфт и пет избори од втората рунда.
Дурент замина откако Санс останаа без место во плејофот минатата сезона, и покрај тоа што имаа еден од најскапите состави во историјата на кошарката и плаќаа висок данок на луксуз.
Феникс беше блиску до тоа да го испрати Дурант во Мајами, но на крајот постигнаа конечен договор со Рокетс, кои со овој потег очигледно имаат намера да ја нападнат титулата следната сезона.
Оваа размена нема да биде официјализирана барем до 6 јули поради клаузула во новиот договор на Џејлен Грин, но целата работа може да се смета за завршена поради доверливоста на информациите со кои располага Чаранија.