Македонија
Во Скопје марш за хумано решавање на проблемот со бездомните животни

За денеска со почеток од 12 часот во Скопје е закажан протестен марш за животните. Преку маршот граѓаните ќе испратат порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни.
Настанот доби поддршка и од многу македонски јавни личности.
Организаторите тврдат дека примената на еутаназија како мерка за надминување на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња во земјава, се покажал како пракса која не вродува со решение и само го продлабочува проблемот.
„Не бараме милост за животните, туку нудиме решение преку примена на одговорни, хумани програми и практики кои ќе го третираат причинителот на проблемот, а тоа е неодговорното чување на милениците, казни за нивно напуштање и неконтролиран расплод“, се наведува во најавата за маршот.
Меѓу јавните личности кои дадоа поддршка за маршот за животните се: Тони Зен, Пеце Суперикс, Јана Бурче, Бернајс Пропаганда, уметницата Жани Гелевска, креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски, актерите Јордан Симонов, Весна Бејби Петрушевска, Ајета Реџеповиќ, Ирена Ристиќ, новинарката Ана Јовковска и водителот Марко Новески кои најавија дека ќе се појават на маршот закажан точно напладне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.