Свет
Почина неисхранетото девојче чија слика го потресе светот
Седумгодишната Амал Хусеин од Јемен, чија фотографија во „Њујорк тајмс“ го потресе светот и стана симбол за долготрајниот конфликт во таа земја, почина од неисхранетост, објави Министерството за здравство на јеменската администрација кое го предводат Хутите.
Фотографијата на малата Амал, направена од фоторепортерот Тајлер Хикс, добитник на Пулицерова награда, го покажува неисхранетото девојче како лежи на кревет во мобилната клиника на УНИЦЕФ во Аслам на 18. октомври.
Амал страдала од акутна неухранетост и почина на 26. октомври.
„Срето ми е скршено“, рекла нејзината мајка со плач во телефонска изјава за „Њујорк тајмс“.
„Амал секогаш се смееше. Сега се грижам за другите мои деца“, кажала таа.
Обединетите нации предупредуваат дека Јемен може да се соочи со една од најлошите кризи на глад во последниве децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

