Свет
(Фото/Видео) Судир на два авиона на набото над Канада
Во судир на два мали авиона на набото над канадската престолнина Отава загина едно лице, соопштија канадските власти.
Локалната полиција наведе дека несреќата се случила над западниот дел од градот, околу 10 часот претпладне по локално време, пренесе АП.
Полицискиот началник Џејми Гарпер изјави дека едниот авион се срушил во полјана, а другиот успеал со помали оштетувања да слета на Меѓународниот аеродром во Отава по сударот.
Лицето кое загина се превезувало во авионот што се сруши во полјаната, велат официјалните лица и додаваат дека лекарите констатирале смрт на лице место. Другите лица од авионот не се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци сѐ повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната годишна бруто-плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по речиси 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – сѐ повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.
Свет
Украина го смени командантот на Харков
Украинскиот командант одговорен за североисточната линија на фронтот во Харков беше сменет за време на руската офанзива, изјави во понеделникот воен портпарол.
Сменет е Јуриј Галушкин, кој од април годинава беше на чело на Харков, а на негово место дојде Михаил Драпатиј, беше објавено, а причините за оваа одлука не се наведени.
Руските сили постигнаа значителни придобивки долж границата во регионот Харков во последните денови.
Украинската армијa претходно денес призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Свет
Луѓето што имаат проблеми со тежината во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од другите
Луѓето што имаат проблеми со тежината во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од другите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.
Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, луѓето што имаат проблеми со тежината толку повеќе земале боледување наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.
Боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за речиси 33 милијарди фунти.