Топ
Товарен воз удри во автобус, двајца повредени

Две лица се повредени откако товарен воз удри во автобус во селото Свиларе, на патниот премин на пругата Скопје-Кичево.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера околу 10:15 часот кога товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, Скопско. Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10:15 до 15:20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја иницираше комуникацијата со него… денес ќе се изгласа за министер за здравство!!!“, велат од Алијансата за Албанците.
„На денешната собраниска седница се очекува да се направи замена на владините позиции што ги напушти Алијансата за Албанците.
Имаме неколку јавни прашања:
Ги прашуваме Билал, Изет: Дали паднаа во вода координираните соопштенија во доцните часови против Алијансата за комуникации со ДУИ, кога денес го правите минситер Азир Алиу, кој беше главен јазол на тие комуникации?
А Фетаи го прашуваме: Најголемиот дел од позициите што ги напушти АА, тивко ги заземаат луѓето на Изет, значи во ВРЕДИ ти повеќе лобираше за луѓето на Изет? И Фета, сме слушнале дека сакаат да ти ја земат функцијата за да намамат помала партија да се приклучи на владата, дали и тебе ќе те направиме амбасадор?
И на крај, го прашуваме принципиелното ВМРО-ДПМНЕ: Каде отидоа „црвените линии“ со ДУИ што постојано ги споменувате во јавните изјави, сега кога во владата доведувате луѓе кои беа мост за поврзување со ДУИ?
Како заклучок, длабоко ви благодариме што со отвореното пазарење што го правите во очите на народот, придонесовте за зајакнување на Алијансата за Албанците како никогаш досега, бидејќи народот секој ден сè појасно разбира зошто ве напуштивме и колку добро направивме!
Октомври е многу блиску, се гледаме тогаш!“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.
Македонија
„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема следниот храбар и визионерски чекор: назначување на двајца од најподготвените и најпочитуваните кадри на нашето општество на клучни позиции, проф. д-р Азир Алиу, министер за здравство, и Албрим Хоџа, заменик-министер за земјоделство. Професорот Азир Алиу, неоспорна личност во областа на технологијата, иновациите и високото образование, ќе го води Министерството за здравство со јасен приоритет: дигитализација на здравствениот систем за модерна и ефикасна услуга за граѓаните“, велат од „Влен“.
„Во исто време, Албрим Хоџа, моќен глас на терен, со длабоко искуство во новинарството, руралната политика и проектите за развој на земјоделството, ја презема улогата на заменик-министер за земјоделство со непоколеблива мисија: безрезервна поддршка на земјоделците и селото.
Назначувањето на овие двајца кадри јасно покажува дека „Влен“ не прави компромис кога станува збор за квалитет и претставување. Знаеме дека граѓаните заслужуваат повеќе, а со овие луѓе во институциите, ќе имаат повеќе!“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата.
„Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби.
Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата“, соопшти Владата.
„Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е повредените од кочанската трагедија да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму.
Токму поради тоа, на владина седница ќе се донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство, односно за пациентите кои веќе се во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошен третман.
Одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде обезбеден и дополнителен медицински кадар кој ќе пружи целосна медицинска нега на пациентите.
Ова значи дека повредените лица на кои им е потребна дополнителна здравствена заштита ќе можат да ги користат овие услуги.
Како Влада сме целосно посветени да обезбедиме здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани.
Дополнително, ги замолуваме политичките партии да се воздржат од некрофилија и да дозволат случајот целосно да го водат институциите.
Напомнавме дека секој што е инволвиран во овој случај, мора и ќе одговара. Без разлика на неговиот статус во општеството или припадност на политичка партија“, се додава во соопштението на Владата.