Свет
Германските Евреи бараат часови по антисемитизам за арапско-муслиманските мигранти
Лидерот на германскиот Централен совет на Евреите изјави во неделата дека сака да се бори против антисемитизмот меѓу новите арапско-муслимански мигранти преку владината програма за образование. Потпретседателот Абрахам Лерер изјави дека верува оти антисемитизмот меѓу мигрантите ќе стане поголем проблем со зголемувањето на нивниот број во Германија, пренесува „Ди велт“.
„Проблемот со мигрантскиот арапско-исламски антисемитизам сé уште е пред нас. Многу од овие луѓе беа под влијание на режими во кои антисемитизмот е дел од рационалното на државата, а на еврејската држава ѝ се негира правото на постоење”, рече Лерер.
Тој верува дека кога новите мигранти ќе се сместат на нивните нови работни места и станови, исламскиот антисемитизам ќе има поголемо влијание и луѓето отворено ќе ги изразат своите ставови против еврејското население во Германија. Лерер продолжи:
„За да се спречи ова сценарио, треба да ги приспособиме курсевите за интеграција за овие луѓе, по можност според земјата на потекло. Она што е потребно се дополнителни часови (на часовите за интеграција) во кои фундаменталните вредности, како што се демократијата и третманот на жените во нашето општество, ќе се учат интензивно”.
Во Германија сега живеат само околу 200 000 Евреи. Во Берлин има најголема концентрација, околу 40 000. Пред да дојдат на власт Адолф Хитлер и неговата нацистичка партија во Германија живееја околу 500 000 Евреи. Во јули германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека годишниот извештај за статистички податоци за криминал евидентирал 1.453 антисемитски инциденти во 2017 година – по четири дневно.
Во извештајот на Американскиот еврејски комитет за 21 училиште во Берлин се покажа дека нивото на антисемитизам расте меѓу првенствено учениците Турци и арапски муслимани. Групата, исто така, забележува вознемирувачки пораст во поддршката на радикалниот исламизам.
Многу од наставниците интервјуирани за истражувањето изјавиле дека биле соочени со различни антисемитски инциденти во последниве години. Некои ги обвинуваат религиските органи, велејќи дека на многу од муслиманските деца им се предава во џамиите да бидат агресивни кон соучениците девојки, хомосексуалци или секуларни муслимани.
Д-р Феликс Клајн, првиот специјален пратеник на германската влада во еврејската заедница, предупреди дека стравот на Евреите во врска со приливот на муслимански, арапски бегалци е легитимен. Тој ги советувал германските Евреи да се претпазливи пред да се појават на јавни места со традиционалната кипа на главата.
Д-р Клајн го повтори предупредувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел, која минатиот април предупреди дека муслиманските мигранти донеле нов вид антисемитизам во германската култура кој ги смета Евреите за единствено одговорни за израелско-палестинскиот конфликт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

