Спорт
Килијан Мбапе стана највредниот фудбалер на светот?
Француската тинејџерска сензација, Килијан Мбапе стана највредниот фудбалер на светот според „ЦЕИС фудбал обсерватори“ и единствен фудбалер кој во модерниот фудбал вреди над 200 милиони евра.
Во последниот извештај, Интернационалниот центар за спортски…


Француската тинејџерска сензација, Килијан Мбапе, стана највредниот фудбалер на светот според „ЦЕИС фудбал обсерватори“ и единствен фудбалер што во модерниот фудбал вреди над 200 милиони евра.
Во последниот извештај Интернационалниот центар за спортски студии (ЦЕИС) направи процена на најдобрите фудбалери на секоја позиција и Мбапе беше на врвот во сите категории. 19-годишниот напаѓач на Пари Сен-Жермен ја зголемил својата вредност за 23 милиони во октомври за да го помине Хери Кејн од Тотенхем.
Мбапе имаше неверојатен октомври со седум гола и една асистенција за Пари Сен-Жермен, еден гол постигна и за француската репрезентација, а во сличен стил продолжи и во ноември предводејќи ги ПСЖ до историски успех – победа во првите 12 меча од новата сезона. Статистиката е неверојатна – Мбапе има 76 натпревари во Лига 1, 40 гола и 21 асистенција.
Високата цена на Мбапе доаѓа и поради неговата возраст – тој има 19 години за разлика од Лионел Меси (31) и Кристијано Роналдо (33), чии години си го прават своето – Меси е само шести на листата на напаѓачи (170,6 милиони евра), а Роналдо е надвор од топ-10 со 123,6 милиони евра. Само уште двајца над 30 се во топ-10 во своите категории – Николас Отамени е осми највреден централен бек на светот, а Иго Љорис е деветти највреден голман, каде што Едерсон е највреден со 102 милиона евра, а Давид де Хеа од Манчестер јунајтед е надвор од топ-10.
Самуел Умтити од Барселона и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул се највредни централни бекови, а Деле Али е прв на листата на фудбалери од средниот ред пред Кевин де Бројне и Пол Погба.
Фото: ЕПА
Most expensive big-5 league forwards from a transfer value perspective according to @CIES_Football algorithm #Mbappé #Kane #Neymar #Salah #Coutinho Top 10 per position at https://t.co/lspuvEmv7w pic.twitter.com/eqJNgSIVT0
— CIES Football Obs (@CIES_Football) November 5, 2018
And finally, most expensive goalkeepers in the big-5 from a transfer value perspective #Ederson #terStegen #Alisson #Courtois #Kepa Top 10 per position in last @CIES_Football Weekly Post at https://t.co/lspuvEmv7w pic.twitter.com/DU3fuLYWDO
— CIES Football Obs (@CIES_Football) November 5, 2018
Most expensive big-5 league full backs from a transfer value perspective according to @CIES_Football algorithm #Alexander-Arnold #Walker #Robertson #Alonso #Kimmich All transfer valuations available at https://t.co/rEjE0l4Vtk pic.twitter.com/HZIK0DZdl4
— CIES Football Obs (@CIES_Football) November 5, 2018
Most expensive centre backs in the big-5 from a transfer value perspective #Umtiti #Davinson #Rüdiger #vanDijk #Laporte Top 10 per position in last @CIES_Football Weekly Post at https://t.co/lspuvEmv7w pic.twitter.com/RmyoKj7EKI
— CIES Football Obs (@CIES_Football) November 5, 2018
Most expensive big-5 league midfielders from a transfer value perspective #Alli #DeBruyne #Pogba #Kanté #Dier Find out all the @CIES_Football valuations at https://t.co/rEjE0l4Vtk pic.twitter.com/jrU2pprKrl
— CIES Football Obs (@CIES_Football) November 5, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ за судењето: Вакво нешто никогаш не ми се случило во животот

Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ, даде изјава за медиумите по натпреварот против Германија, кој неговата репрезентација го загуби со 99:91. Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 10 скока и седум асистенции.
Словенија водеше во поголемиот дел од натпреварот, но не издржа, Германците направија пресврт во последниот период.
„Горд сум на Словенија. Навистина сум горд“, беше првото нешто што го кажа Дончиќ во микс-зоната на салата во Рига.
Беше прашан дали чувствувал дека судиите не го почитуваат. За потсетување, тој доби техничка грешка веднаш на почетокот, а потоа уште една лична грешка во првите три минути.
Полувремето го заврши со три, а на почетокот од третиот период ја заработи и четвртата лична грешка, што значително ја ограничи неговата продуктивност и во одбраната и во нападот.
„Не сакам да зборувам за судиите. Навистина не сакам. Но, четири фаули на почетокот на третата четвртина, нешто такво никогаш не ми се случило во животот.“
Што се ве боли?
„Не кревајте паника. Ќе имам неколку дена за одмор, па потоа започнува новата сезона“, подвлече Дончиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола македонскиот првак го победи Загреб со 25:23 (13:12).
Натпреварот беше тврд и неизвесен, на крајот пелистерци имаа среќа и ја остварија победата.
Пелистер водеше во текот на целото прво полувреме, најмногу со три гола, но Загреб во ниту еден момент не му дозволи на протигвникот да се одлепи. Со два гола гостите го заклучија првиот дел (13:12).
Стартот на вториот дел им припадна на гостите, со серија од четири гола го презедоа водството (14:16). Пелистер одговори со три гола (19:18), а во последните 10 минути домашните влегоа со предност од три гола (23:20, 24:21).
Сепак Пелистерци дозволија мечот да има драматичен финиш. Пешевски при резултат 24:23 промаши зицер на 24 секунди до крајот. Загреб лошо го одигра последниот напад, Хеидарирад го одбрани шутот на Кларица, а потоа на празен гол погоди, со што ја круниса добрата партија во вториот дел.
Иранскиот голман забележа шест одбрани, додека најефикасни беа Мансков со осум и Кузмановски со шест гола.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
Дончиќ испиша историја, Германија избори полуфинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Германија обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Во натпревар полн со возбудувања, актуелните светски шампиони ја победија Словенија со 99:91.
И покрај победата на „Панцерите“, натпреварот го одбележа неверојатниот Лука Дончиќ, кој го одигра речиси целото второ полувреме со четири фаули, и покрај тоа, го сруши рекордот на Евробаскетот.
Натпреварот го заврши со 39 поени (11/25 од поле), што е најмногу во историјата на четвртфиналињата на континенталното натпреварување. Тој имаше и 10 скока, односно седум асистенции, како и три изгубени топки.
Ова беше осмиот натпревар во неговата Евробаскет кариера во кој постигна најмалку 30 поени, а само Дражен Петровиќ (9), Радивој Кораќ (12) и Никос Галис (23) имаат повеќе од него.
Клемен Препелиќ со 13 и Грегор Хорват со 11 беа единствените кои имаа двоцифрен број поени кај Словенија.
Германците не блескаа, но на крајот сепак покажаа дека се подобар тим. Франц Вагнер беше најефикасен со 23 поени (седум скока, четири асистенции), но постигна повеќе од половина од поените од линијата за слободни фрлања (13/14).
Денис Шрудер го заврши натпреварот со 20 поени и седум асистенции, со 1/9 тројка. Тајс имаше 15, Ло 11, а Обст исклучително вредни 10 поени.
Словенија остана без гориво на крајот. Иако беа брилијантни три периоди, падот на концентрацијата на крајот од третиот период ги чинеше скапо.
Тимот на Александар Секулиќ водеше во поголемиот дел од првите 30 минути. На Германија вештачко дишење и даде неверојатната тројка на Тристан Да Силва со свукот на сирената, откако Николиќ промаши чист шут за предност од девет поени.
Потоа во првата минута од последната четвртина Германците постигнаа уште шест поени, го презедоа водството и не го испуштија до крајот.
Германија во полуфиналето ќе игра против Финска, во второто полуфинале ќе играат Грција и Турција.
Foto/ EPA