Свет
Почна судењето на поранешниот чувар на логорот за смрт на Евреите

Почнува судењето на 94-годишниот Германец, кој наводно бил чувар во нацистичкиот концентрациски логор Штрутхоф во градот Минстер во Германија. Јохан Ребоген е обвинет за 100 случаи на соучесништво во убиство, а обвинителите велат дека тој знаел дека затворениците во логорот биле брутално убивани.
Тој работел во логорот Штрутхоф покрај полскиот град Гдањск од јуни 1942 до септември 1944 година. Откако почнал да служи војска во военото крило на нацистичката партија, како 18-годишно момче, овозможил ужасни убиства, рекол обвинителот Андрес Брендел.
Во логорот настрадаа 28 000 Евреи, од вкупно 65 000 заробени. Тој признал дека работел во тој логор, но тврди дека не знаел за убиствата.
Судењето ќе трае само два часа дневно поради возраста на обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Европа
Шефовите на дипломатијата на членките на НАТО се состануваат во Турција: се бараат поголеми инвестиции во одбраната

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.
Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.
Европа
Зеленски: Доаѓам во Турција, ќе се сретнам со Ердоган, Путине, те чекаме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува евентуална директна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул да резултира со примирје. Зеленски рече дека ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, но дека двајцата се подготвени веднаш да отпатуваат за Истанбул доколку Путин одлучи да се појави на разговорите.
„Ќе го чекаме Путин во Турција. За да не манипулира Русија со градовите и да тврди дека Путин не е подготвен да лета за Анкара, туку е во Истанбул“, им рече Зеленски на новинарите во Киев на прес-конференција. „Му испратив порака на претседателот Ердоган, а турската страна е подготвена.“
Разговорите би можеле да вклучуваат и размена на затвореници на принципот „сите за сите“, што би ѝ овозможило на Украина да излезе од преговорите со некаков вид „политичка победа“, рече Зеленски во интервју за францускиот весник „Либерасион“.
Доколку средбата се случи, тоа би била првата средба лице в лице меѓу двајцата лидери од 2019 година и би можела да означи пресвртница во застојот на дипломатските напори за ставање крај на големата инвазија на Русија. Кремљ сè уште не го потврди присуството на Путин, додека Киев продолжува да инсистира на безусловно примирје.
„Безусловно примирје, во овој момент и со оглед на сите денови и месеци досега, никој од руска страна не може да го гарантира освен Путин“, рече Зеленски.
Тој додаде дека на состанокот бил поканет и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Доколку го потврди своето доаѓање, тоа би бил дополнителен поттик за Путин да дојде“, рече Зеленски.
Трамп, кој моментално е на четиридневна турнеја на Блискиот Исток, ја изрази својата поддршка за разговорите, нарекувајќи ги „многу важни“ и додавајќи дека „силно се залага“ за нивно одржување. „Мислам дека од тоа може да произлезе нешто добро“, рече Трамп на 12 мај.