Контакт

Македонија

Реакциите на вработените во УБК го натерале Лазаревски да влезе во системот за прислушување

Објавено пред

Инженерот и поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“ сведочи за начинот на кој се прислушувало во периодот од 2006 до 2008 година, со стариот систем Vernit од израелско потекло, кој бил набавен во 1998 година.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека веднаш откако бил деградиран од страна на новиот началник на УБК, Сашо Мијалков, во 2006 година, добил индикации дека самоконтролата што треба да ја имаат надлежните во структурата е попуштена, што почнало да го копка до кој степен е тоа отидено. Непосредно пред исклучувањето на системот од употреба, во 2008 година Лазаревски успеал да влезе во него и да види што се случува.

„Бев во друштво со луѓето кои го одржуваа системот. Забележав од нивните реакции и самиот амбиент што се создаде во Управата дека нешто се случува во делот за прислушување. Во целиот амбиент што се случуваше околу мене од 2006 до 2008 година ја добив идејата, која ја реализирав при крајот на 2008 година, пред да биде повлечен од употреба стариот систем Vernit, ја искористив можноста да се закачам на мрежен кабел поврзан со системот. За влез во системот ја искористив лозинката што ја знаев од порано кога бев началник. Влегов во делот каде што се чуваат логовите за активности на системот и во текстуална форма добив податоци кои ги содржеа сите информации, кој репродуцер на кој таргет има пристап. Податоците што ги извлеков прецизно укажуваа во колку часот одреден репродуцент пристапува кон одредениот таргет“, рече Лазаревски.

Тој објасни дека секој таков систем за прислушување има еден главен администратор, кој е техничко лице и на ниту еден начин не е поврзан со експлоатација на снимените материјали. Администраторот одредува кој смее да слуша и кој смее да маркира во системот, што значи дека репродуцентот или маркирачот немаат потреба да влезат во просторијата за да ги следат или маркираат разговорите на таргетираните личности, односно броеви.

„Не може да постои таргет додека маркирачот не пристапи преку системот до телефонскиот оператор. Во листата за следење на телефонските разговори се уфрла конкретен телефонски број, кој по маркирањето почнува со текот на разговорот да се испраќа до мониторинг-системот, кој врши снимање на истиот“, рече Лазаревски.
Како што објасни тој, репродуцерите се всушност оние кои имаат пристап до снимените материјали, можат да ги слушаат, да направат транскрипција и доколку разговорот е неважен да го игнорираат или, пак, додека се работи за итна акција, да алармираат до оперативните структури дека следеното лице презема некакви дејствија.

Репродуцерот е оној којшто селектира кој разговор е важен, а кој не. Лазаревски истакна дека тој лично не работел на Vernit-системот откако бил деградиран, но работел на друг систем што се наоѓал во истата просторија, само одвоен со параван и затоа има лесна пристапност до системот за прислушување.

Како што вели тој, до просторијата пристап имале вкупно 12 лица од кои 7 на Vernit-системот за прислушување, а 5 од другата страна на параванот, каде што работел и тој.

„Надзор за режимот на влегување беше регулиран со тоа кој има клуч од просторијата. Јас клучот го барав од мојот претпоставен, Небојша Стајковиќ, кој ме упатуваше кај кого е клучот“, рече Лазаревски.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

Објавено пред

Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено

Објавено пред

До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

По општини:

– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жичницата на Водно не работи поради силен ветер

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.

„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет4 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет4 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет4 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет5 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет5 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија18 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија19 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија21 час

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија21 час

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ23 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија23 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...