Македонија
(Видео) Се формира телото за помирување, ќе го водат Ременски и Александрова
Се формира телото за помирување во Собранието. Определен е форматот на телото, во него ќе учествуваат координаторите на пратеничките групи, потпретседатели на Собрание, пратеници без пратеничка група. Колкава бројка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе учествуваат во телото, ќе се одреди на наредниот состанок.
ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на денешната координација, но тоа не беше пречка за да се формира телото. За методологијата на работа ќе се одреди на првата седница.
Фросина Ташевска Ременски од СДСМ и Емилија Александрова од новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе претседаваат со телото.
,,Подобро е да не раководам јас зошто може да има мешање на надлежности. Не е соодветно јас да го водам”, додаде Џафери.
На координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери,
единствена точка на дневен ред беше формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на координацијата.
Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпартиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.
Членот на Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, го напушти состанокот што се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вели дека не се јасни целите на средбата и телото околу тоа кој со кого да се помири. ,,Се добива впечаток дека е за дневнополитички поени и на мала врата да се протурка амнестија за 27 април”, смета тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

