Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Дали и колку Савидис е економски присутен во Македонија?

И денеска останавме без одговори на прашањата на тема што е многу омилена на криминогениот и однароден властодржец, а тоа е наводното руско влијание, но само кога сака да го поврзе со отпорот кон македонското обезличување и редефинирање на државата а со тоа и креирање нова политичка реалност со последици што ги надминуваат границите на Република Македонија, порача Наум Стоилкоски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„И денеска јавноста не доби одговор од Зоран Заев дали власта има конекции со рускиот бизнисмен Иван Савидис, кој е економски распослан низ соседна Грција и, според пишувањата на тамошните медиуми, има политичко влијание.
За потсетување, премиерот Заев изјавуваше дека младинци во Република Македонија добивале пари од руски бизнисмени, за потоа од МВР да нема ниту збор за истрагата.
Сега медиумите отворија уште еден можен скандал, повикувајќи се на извори во македонската царина. Заев сега се соочува со уште едно прашање: Дали минатата година против фирмата на Савидис била отворена, па по доаѓањето на актуелната власт во 2017 година била стопирана истрагата насочена кон „СЕКЕ“, истрага отворена од Царинската управа заради поврзаност на компанијата со фирми ќерки во Грција и Бугарија кои во своите матични држави се под мониторинг на властите заради измама на доверителите и лажен стечај?
Дали се точни наводите во медиумите дека истрагата се водела и поради сомнеж за финансирање проруски политики на Балканот?
Минатите два дена јавноста остана без одговор на пишувањата и сомнежите за можна релација на Заев и Владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, а распослан низ Грција, Иван Савидис.
Притоа, нема одговор и за прашањата за тоа дали и колку Савидис е економски присутен во Македонија.
Дали поранешен владин функционер од ЛДП сега е важен потписник во синџирот на Савидис?
Дали Заев знае чиј е хотелот во Солун, по негово Тесалоники, каде што оди на забава?
Дали знае дека Савидис е близок човек со Јанис Бутарис, солунскиот домаќин на Заев?
Колку е зголемен приходот на компанијата „СЕКЕ“ од 2017 година?
Дали Заев во Крушево бил придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?
Во име на транспарентноста во којашто лажно се колне оваа власт, јавноста заслужува одговор на овие прашања. Доста со празни флоскули и лаги. Заев има сериозна обврска да одговори на поставените прашања по сите негови посочувања за странска интервенција против обезличувањето на народот и редефинирањето на Република Македонија. Во спротивно постои можност само да ги засили сомнежите кои упатуваат кон власта“, истакна Стоилкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме кино салата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.
Соопштенија
Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

Кандидатот за градоначалник на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, ја побара довербата од граѓаните за втор мандат, со пораката дека изминатите четири години биле посветени на чесна, домаќинска и проактивна работа.
Во својот прв мандат реализирал 130 проекти, бројка што е далеку над она што е направено во последните 25 години.
„Во 2021 година затекнав општина со долг од еден милион евра. Денес, Општина Чучер Сандево должи 0 денари. Тоа е првиот резултат на нашата работа“, истакна Комненовиќ.
Меѓу досегашните реализирани проекти, како што рече, се изградба на канализациони мрежи во неколку села, реконструкција и асфалтирање на локални улици, изградба на спортски и детски игралишта, отворање на претходно недостапната градинка, обнова на јавното комунално претпријатие со нова механизација и подобрени услови за вработените, реконструкција на културниот дом, како и основање на пензионерско здружение и прва канцеларија за пензионери во општината.
„Немаме со што да ве уценуваме, ниту сакаме. Го бараме вашиот глас не со ветувања за работни места, туку со 130 реализирани проекти“, порача тој пред граѓаните.
Комненовиќ посочи и на опструкциите од страна на централната власт, кои, според него, на неколку наврати попречувале веќе договорени и финансирани проекти.
„Фирмите што ги избравме преку јавни набавки доаѓаат и велат дека имаат насоки да почнат со работа по изборите, само за да ни се направи политичка штета“, рече тој.
И покрај тоа, додаде, општината успеа да привлече средства, да распише и спроведе набавки и да избере изведувачи за голем број проекти.
„Градевме и кога Владата не беше на наша страна. И во такви услови обезбедивме пари, проекти, и градевме. Доказ за тоа се два мои најголеми проекти , канализацијата во Кучевачка Бара и Бел Камен и обновата на Културниот дом во Сандево“, посочи Комненовиќ.
Најави и проекти за следниот мандат: завршување на канализационата мрежа и изградба на прочистителна станица, асфалтирање на патот од Бутел до рудник Бањани, изградба на нова детска градинка во Кучевиште, нови сообраќајни решенија и два кружни тека, нови бушотини за вода во Кучевиште и Сушева, изградба на пензионерски дом во Чучер Сандево.
„Не барам поддршка зашто немаме што да работиме. Барам поддршка за да го довршиме она што го започнавме . На 19. октомври, ззаокружете број 5. Лесно се памти, тешко се заборава.“, порача Комненовиќ