Вести
Нови напади на џихадистите на турската граница кај Кобане
Борците на Исламската држава стрелале во саботата наутро во насока на турската граница, северно од курдскиот сириски град Кобане, во кој сириските курдски борци цел месец одолеваат на обидите џихадистите да го заземат градот и ја очекуваат помош од пешмергите, борците од ирачки Курдистан.
Најавеното во петокот од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган скорешно пристигнување на 1.300 борци на сунитската Слободна сириска армија (FSA) којашто официјална Анкара ја поддржува од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година, во Кобане, најверојатно нема да се оствари, бидејќи сириските курдски челници потврдија дека не е постигнат никакво договор во таа смисла. Покрај тоа, се смета дека тоа е обид на Анкара да ги префрли сунитските опозицски борци на сириска територија во која никогаш немале акции, и е насочен во прв ред за дејствија против силите на владата на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад.Турција,инаку, не дозволува од нејзина територија да се префрлуваат припадниците на Работничката партија на Курдистан (РКК) која е сметана за терористичка организација поради 30-годишната војна за автономија со Анкара во којашто загинаа повеќе од 40 илјади луѓе. Но најави дека ќе овозможи преминување на околу 200 борците на ирачките Курди со кои одржува добри односи.Ноќта кон саботата жестоките судири повторно се разгореа во Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски јазик), третиот по големина курдски град во Сирија, на кој Исламската држава покрена офанзива на 16-ти септември. Претходно освојувајќи стотина села во околината на градот и натерувајќи во бегство околу 300 илјади луѓе, џихадистите успеаја да го опсадат градот од трите страни освен од северната кон само еден километар блиската граница со Турција. И покрај стотиците воздушни удари од страна на меѓународната коалиција предводена од САД, џихадистите на 6-ти октомври успеаја да продрат во градот и да освојат половина од населбите во Кобане, и покрај големите жртви од на 500 загинати борци настојуваат да го заземат градот кој стана симбол на отпорот во регионот кон Исламската држава.Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, џихадистите, чии сили се позиционирани во близина на границата со Турција, „пукале од тешка артилерија во правец на границата“. Агенцијата Reuters пренесува дека активисти од теренот на Опсерваторијата соопштиле дека најмалку четири гранати паднале во пограничната зона./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.